Опис
Начин на дејствување:
Antracol® WG 70 e фитофармацевтско средство – фунгицид за сузбивање на предизвикувачите на габни заболувања на лозовите насади на винско и трпезно грозје, јаболки и круши, домати, краставици, дињи и лубеници, компир, тутун и на каранфили.
Употреба:
Antracol® WG 70 се користи за:
а) во лозови насади на винско и трпезно грозје за сузбивање на:
– пламеница на винова лоза (Plasmopara viticola) во концентрација од 0,2 % на 1000 L/ha вода (20g/10 L вода) односно 2 kg/ha
– црна дамкавост на винова лоза (Phomopsis viticola) во концентрација од 0,2 % на 1000 L/ha вода (20g/10 L вода) односно 2 kg/ha
На исто земјиште може да се употреби најмногу пет пати во вегетација и тоа два пати пред цветањето и до три пати по цветањето.
б) во насади со јаболка и круша сузбивање на краставост (Venturia spp.) во концентрација од 0,2 % на 1000 L/ha вода (20g/10 L вода). На иста површина може да се употреби најмногу четири пати во текот на вегетацијата и тоа два пати пред цветањето и до два пати по цветањето.
в) во домати во заштитен простор или на отворено за сузбивање на пламеница (Phytophora infestans) и црна дамкавост (Alternaria solani) во концентрација од 0,3 % на 1000 L/ha вода (30g/10 L вода). На исто земјиште може да се употреби најмногу четири пати во текот на вегетацијата во било која фаза од развојот на растението.
г) кај краставици, дињи и лубеници за сузбивање на пламеница (Pseudoperonospora cubensis) и антракноза (Colletotrichum lagenarium) во концентрација од 0,3 % на 1000 L/ha вода (30g/10 L вода). На исто земјиште може да се употреби најмногу четири пати во текот на вегетацијата во било која фаза од развојот на растението.
д) кај компир за сузбивање на пламеница (Phytophtora infestans) и црна лисна дамкавост (Alternaria solani) во концентрација од 2,5 kg/ha (25 g/10 L вода) при употреба на 400-600 L вода на ha. На исто земјиште може да се употреби најмногу четири пати во текот на вегетацијата, а со третирање се почнува кога ќе се направат редовите.
ѓ) кај тутун за сузбивање на пламеница (Peronospora tabacina) во концентрација од 0,2 % (20g/10 L вода) за 200-600 L вода на ha. На исто земјиште може да се употреби најмногу четири пати во текот на вегетацијата и тоа два пати пред пресадување и најмногу два пати по пресадувањето.
ф) кај каранфили за сузбивање на ‘рѓа кај каранфилите (Uromyces dianthi) во доза од 2 kg/ha, односно во концентрација од 0,2 % за 1000 L вода на ha (20g на 10 L вода).
Предупредување:
Antracol® WG 70 се употребува само со трактроска прскалка или распрскувач.
При третирањето треба да се спречи загадување на водотеците, бунарите, езерата и изворите со почитување на прописите за заштита на водите. Препаратот не смее да се користи во подрачје до 15 метри од брегот на води од 1 и 2 категорија. При користење во овоштарството треба да се остави нетретиран безбедносен појас од 10 m до неземјоделските површини.
Фитотоксичност:
Ако средството се употребува на пропишан начин и во пропишана концентрација со ова упатство, не предизвикува оштетувања на растенијата.
Мешање:
Antracol® WG 70 не смее да се меша со средства со кисела рН реакција. Растворите со алкални средства (на пр. бакарно-варна смеса) треба да се потрошат веднаш. Претходно треба да се провери дали средството може да се меша со други течни препарати. За мешање со други препарати прашајте ги нашите советници. Производителот гарантира дека наведеното мешање не влијае врз дејството на препаратите.
Каренца:
7 дена за тутун, краставици, дињи и лубеници; 14 дена за домати на отворено и компир; 28 дена за домати одгледувани во заштитени простори, јаболки и круши; 56 дена за винско и трпезно грозје.
Подготовка за употреба:
Измерената количина на средството истурете ја во резервоарот на прскалката, во кој има од половина до 2/3 чиста вода. Со постојано мешање дополнете го резервоарот со потребното количество вода. Продолжете со мешање се додека не се потроши растворот за прскање.
Чување:
Средството се чува во оригиналната затворена амбалажа на темно и суво, проветрено и заклучено место на температура од 0° до 40°С. Да се чува одвоено од храна, пијалаци и сточна храна, како и на место недостапно за деца и необучени лица.
Заштита при работа:
При работа да се внимава препаратот да не дојде во допир со очите, кожата и облеката. Не се прска кога времето е ветровито или прежешко. Не смее да се вдишуваат распрскани честици од средството. Се употребува заштитна облека, гумени чизми, непропустливи ракавици и штитник за лице. За време на работа со средството не смее да се јаде, пие или пуши. Во случај на загадување (контаминација) и/или сомнеж за труење веднаш се прекинува со работа и се преземаат мерки според упатството за прва помош. По завршувањето со работа, треба темелно да се измиете (истуширате) и пресоблечете. Се мијат и чистат сите употребени заштитни средства.
Критики
Нема критики сеуште.