BENTAZON 48 SL

0 out of 5

Селективен хербицид со широка примена против голем број на плевели.
Пакување:
– 1л

Соджи:

bentazon 480 g/L
Концентрат за емулзија EC

Опис

НАЧИН НА ДЕЛУВАЊЕ:

Масовно се користи како контактен, селективен “post emergence” хербицид за ефикасно сузбивање на голем број проблематични плевели во одгледуваните култури, кои тешко се сузбиваат со други хербициди. Не дејствува како почвен хервицид. Дејството му се намалува при ладно и суво време. Се употребува само како фолијарен хербицид за елиминирање на веќе поникнатите едногодишни широколисни, како и надземните делови на некои повеќегодишни плевели, во следните култури: есенски и пролетни житни култури, грав и грашок, соја, кикирики, луцерка, пченка и шеќерна пченка, ориз, компир, кромид.

 

ПРИМЕНА НА BENTAZON 48 SL во:

Стрни жита

Се користи во сите видови на стрни озими и пролетни житарици за време на бокорењето со 3-4 лит./ха за ефикасно сузбивање на Anthemis, Lapsana и други плевели, со 350-400 лит./ха раствор.

Ориз

Масовно се користи во вегетација против сите широколисни плевели во доза од 4-5 лит./ха за уништување на Cyperus, Scirpus, Alisma, Monochoria, Sagittaria и Commelina. Не делува на Panicum spp. Пред третирањето парцелите се празнат или се држи сосема ниско ниво на вода.

Пченка

Прскањето се изведува после поникнувањето на плевелите и културите со 300-500 лит./ха раствор, на чист посев или на здружен посев од пченка и грав, без опасност од фитотоксичност.

Грав и грашок

Многу се користи за селективно сузбивање на плевелите во гравот и грашокот кога културата е во фаза од 10 до 15 cm со доза од 2-3 лит./ха.

Луцерка

За сузбивање на широколисните плевели во ново посеаната луцерка се користи 3 лит./ха кога културата е во фаза од 15-20 cm со 400 лит./ха раствор.

Соја

Во сојата се користи во доза од 3-4 лит./ха за ефикасно уништување после никнењето на Abutilon, Cyperus, Datura, Hellanthus, Ambrosla, Sinapsis, Xanthium, Portulaca, Polygenum и други економски важни плевели.

Кромид

Се користи после поникнувањето на плевелите во кромидот од семе или арпаџик, со 2-3 лит./ха или 350-400 лит./ха раствор.

Максимален број на третмани на иста површина е дозволено само еднаш годишно.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Во колку дојде до преорување на третираниот посев, може да се сеат само стрни жита (пченица, јачмен, тритикале), соја и луцерка.

 

КОМПАТИБИНОСТ:

Не се меша со органофосфорни инсектициди и препарати на база сетоксиди. Може да се користи во комбинација со ѓубрива за фолијарна исхрана и прилепители за наквасување и прилепување на растворот на лисната маса.

Критики

Нема критики сеуште.

Be the first to review “BENTAZON 48 SL”