COSAVET DF

0 out of 5

Контактен и фумигантен фунгицид за превентивна заштита од сите видови на пепелници и фитофагни пајачиња.

Опис

Содржи 800 g/kg sulfur во форма на водорастворливи гранули WG за фолијарно прскање. Дејствува во форма на хидроген сулфид, оневозможувајќи го дишењето на фитопатогените паразити.

Масовно се користи за сузбивање на пепелницата на јаболката, праската, лозата, житарниците, градинарските култури и украсните растенија. Има споредно дејство за заштита од краставоста на јаболката, крушата и праската. Ефикасен е против фитофагните пајачиња, а особено за сузбивање на Eriophyes vitis на виновата лоза.

Може да предизвика одредена фитотоксичност на краставицата и кајсијата, особено кога се користи при повисоки температури од 32°С.

Сулфурот е еден од 13-те есенцијални минерални хранливи компоненти, потребни за растење на сите растенија. Тој се смета дека е четвртиот важен елемент, после азотот, фосфорот и калиумот, во исхраната на растенијата. Тој учествува во синтезата на протеините, масата и витамините. При недостаток на сулфур, растенијата застануваат во пораст, зреат прерано, содржат мал процент на протеини и подложни се на нападот од голем број слаби патогени причинители.

ЈАБОЛКА
Првенствено се користи за сузбивање на пепелницата, а има споредна ефикасност и против краставоста и фитофагните пајачиња. Нема ограничување на времето на изведувањето на фолијарните прскања. Се користи во доза од 5-6 кг/ха, во комбинација со специфични фунгициди против краставост, инсектициди, акарициди, фолијарни ѓубрива ALGREEN (2 лит/1000 лит. вода) и SPREADER (0.1%) за наквасување и прилепување.

ПРАСКА
Заразата од пепелница на листовите, плодовите и гранките на праската се остварува во текот на целата вегетација. Опасноста се зголемува со покачувањето на температурата. За среќа, при повисоки температури и ефикасноста на хидроген сулфидот е значително повисока. Кон растворот да се додава ZIRAFIN 76 WG (2.5-3 кг/ха), против краставоста, CaBORON (2 лит/ха) за фолијарна исхрана, MOVENTO (1.5 лит/ха) против крвавата вошка и другите штетни инсекти и SPREADER (0.1%) за наквасување и прилепување.

Винова лоза
Пепелницата е перманентно присутна на ластарите на лозата. Експанзијата е условена од надворешните фактори и условите на одгледување. Ги напаѓа сите делови, но најголеми штети нанесува во фаза на формирањето на гроздовите. Нередовното користење на сулфурот на лозата придонесува за експанзија на еринозата и другите фитофагни пајачиња. Се користи во доза од 4-6кг/ха, со неограничен број на фолијарни прскања во интервали од 7-10 дена, заедно со специфични фунгициди против екскориоза и пламеница, фолијарно ѓубриво ALGA 600 (1 кг/ха), инсектициди против гроздовите молци и SPREADER (0.1%) за наквасување и прилепување. За заштита од пепелницата на градинарските култури се користи 1.5-2 кг/ха.

Против пепелницата во житата се користи во доза со 8 кг/ха, во комбинација со хербициди и SEAMINO (2 лит/ха) за фолијарна исхрана.

Критики

Нема критики сеуште.

Be the first to review “COSAVET DF”