Опис
ПРИМЕНА:
Производот за заштита на растенија LONDAX е хербицид кој се употребува за контрола на штетни плевели во оризот, едногодишни широколисни плевели (Alismataceas, Cyperaceae) во доза од 80-100 g/ha. Се препорачува доза од 0,09 kg/ha односно 0,9 g/100m2. Во услови на поинтензивна заплевеност и понапредни фази на пораст на плевелите, хербицидот може да се употреби и во доза од 0,1 kg/ha односно 1 g/100m2. Без оглед на дозата, потрошувачката на вода треба да изнесува помеѓу 200-400 L/ha, односно 2-4 L вода на 100m2. Хербицидот треба да се употребува по никнење на оризот, односно во фаза на братење до крај на братење, почеток на вретенисување (BBCH 26-34) За ефикасно сузбивање на висoкиот шавар (Scirpus maritimus) може да се сузбие и во понапредни фази од порастот, односно до фаза на бутонизација (BBCH 40), додека разноликиот смолец (Cyperus difformis), треба да се сузбива до фаза 5-7 листа, односно 10-15 cm висина (BBCH 15-17) или порано. Времето на употреба на хербицидот треба да биде во координација со фазата на пораст на оризот, како и со фазите на пораст на плевелите.
Во препорачаните дози производот LONDAX покажува висока ефикасност кон следните плвели: висok шавар (Scirpus maritimus), шилест шавар (Scirpus mucronatus), ситен шавар (Scirpus supinus), разнолик смолец (Cyperus difformis), воден тегавец обичен (Alisima plantago aquatic).
Овој производ е најефикасен во првите стадиуми на развој на штетните плевели. Затоа треба да се нанесе што е можно порано, во зависност од можноста да се контролира водата. LONDAX најдобро делува доколку е нанесен врз вода.
Во полето кое претходно е третирано со LONDAX се препорачува садење исклучиво на ориз или озими житарици.
Критики
Нема критики сеуште.