Опис
Novicure е контактен фунгицид и бактерицид со изразено превентивно дејство. Се користи за сузбивање на голем број на причинители на габични и бактериски заболувања кај јаболчести и коскести овошни култури, винова лоза, тиквени култури, градинарски култури, маслинка, шеќерна репа, цитруси и други културни и украсни растенија.
НАЧИН НА ДЕЛУВАЊЕ:
Дејството се манифестира со активноста на бакарниот јон кој делува на спорите на патогените причинители за време на нивното ‘ртење. Депозитот од фунгицидиот мора да биде нанесен на културата пред да почне заразата.
ПРИМЕНА:
Масовно се користи во овоштарници во период на мирување на вгетацијата па се до бабрење на папките кај коскесто и до фаза на глувчи уши кај јаболчесто овошје, во доза од 6-10kg/ha. Делува превентивно против краставост кај јаболчесто овошје Venturia inaequalis, V.pyrina, кадравост кај коскесто овошје Taphrina deformans, монилија на цвет и родни гранчиња Monilinia laxa.
Кај виновата лоза, градинарските и поледелските култури и кај украсните растенија се користи во вегетација во доза од 3-4kg/ha. Делува превентивно против пламеница на винова лоза Plasmopara viticola, црна дамкавост кај винова лоза Phomopsis viticola, пламеница кај домат и компир Phytophthora infestans, пламеница кај пиперка Phytohpthora capsici, пламеница кај краставица Pseudoperonospora cubensis, антракноза кај лубеница Colletotrichum lagenarium, бактериози кај градинарски култури Pseudomonas syringae.
Начин на употреба:
При апликацијата, потребно е средството да се нанесе рамномерно по површината на растението. Да се обрне внимание на мерките за претпазливост кај одредени овошни култури, заради фитотоксичноста на бакарот, пред се во ладните и влажни локалитети.
Критики
Нема критики сеуште.