Опис
НАЧИН НА ДЕЛУВАЊЕ:
Брзо се апсорбира преку лисната маса и другите вегетативни делови на третираните растенија и веднаш се транспортира во надземните и подземните делови на растенијата. Изопропил амониовата сол ја спречува синтезата на есенцијалните ароматични амино киселини потребни во биосинтезата на протеините. Брзо се инактивира во контакт со почвата.
ПРИМЕНА:
Масовно се користи за уништување на едногодишните класести и широколисни плевели во доза од 3-4 лит./ха, за сузбивање на едногодишните и повеќегодишните класести и широколисни плевели со длабоки корени и ризоми во насадите со винова лоза и овоштарници во доза до 8 лит./ха, во пасишта, шумски насади и индустриски објекти во доза до 9 лит./ха. Може да се користи и за сузбивање на трската во каналите за наводнување и одводнување во доза 4 лит./ха.
Лозови насади
Се врши прскање, најчесто со пиштоли само во редовите, рано во пролет кога плевелите достигнале 20-30 cm во интензивен пораст со доза 1 лит. препарат на 50 лит. вода (до 8 лит./ха) По потреба прскањето се повторува во периодот после бујниот развој на троскотот, со 400 до 500 лит./ха вода.
Овошни насади
Прскањето се изведува само во редовите, во фаза на бујно растење на плевелите, најчесто во фаза од 25 до 35 cm со доза од 1 лит. препарат на 50 лит. вода, со максимум до 8 лит./ха и 500 до 700 лит./ха раствор.
Стрништа и пасишта
Прскањето се изведува по целата површина после жетвата, со доза од 9 лит.ха за препарат и 600-800 лит./ха раствор, за ефикасно уништување на троскотот, трската, шавар и други трајни плевели. После прскањето, потребен е еден период од 30-40 дена за засновување на нова култура.
Шумски насади
Наоѓа широка примена за ефикасно уништување на плевната растителност во зимзелените четинари, во доза од 1 лит. препарат на 50 лит. вода, и максимум до 8 лит./ха препарат, со 500 до 700 лит./ха раствор.
Индустриски објекти
Прскањето се изведува по целата површина во фаза на бујно растење на плевелите, најчесто во фаза од 25-35 cm со доза од 1 лит. препарат на 50 лит. вода, со максимум од 10 лит./ха, и најмногу 1000 лит./ха раствор.
МЕШАЊЕ:
Мешањето на TOTALCID 480 SL со други производи за заштита, може да ја намали неговата ефикасност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА:
Како формулиран производ, од страна на ЕРА, се класифицира во групата III (малку отровен пестицид). Не ја надразнува кожата, нема негативен ефект на репродуктивните органи, не е канцероген, може да ги надразни очите. Не се акумулира и брзо се разградува во почвата, водата и топлокрвните организми. При употреба да се внимава да не дојде до контакт со очите. Да се носат наочари, ракавици и заштитно одело.
Критики
Нема критики сеуште.