ZIRAFIN 76 WG

0 out of 5

Содржи 76% ziram, на база на цинк, во форма на вододисперзливи гранули WG. Инхивира ензимските процеси при ‘ртењето на споритете на габите кои содржат бакарни јони или соединенија со сулфхидрилна група.

 

Пакување: 1кг

Опис

Ефикасен контактен фолијарен фунгицид, со протективно дејство. Поседува и одбивно (репелентно) дејство против птиците и глувците. Не е фитотоксичен, освен за тутунот и краставиците, кои се осетливи на цинк. Не се меша со препарати кои содржат железо и бакар.

Се употребува за превентивна заштита, од многу економски важни болести, при костилкавото, јаболчесто овошје, виновата лоза, градинарските култури и украсните растенија. Ефикасен е против краставост, монилија, алтернарија, тафрина, сачменка, ‘рѓа, екскориоза и антракноза. Се користи и како репелент за заштита од глодари и зајаци на овошките, припремен како паста за премачкување на дрвцата за време на мирувањето во зимскиот период.
Се употребува во доза од 2,5 до 3 кг/ха, не повеќе од 3 апликации во текот на една вегетација, во интервали од 7-10 дена. Последната интервенција (каренца) е 60 дена пред бербата на крушата. Не е фототоксичен во пропишаните дози, освен за сортата на јаболка – Златен Делишес и крушата Кристал.
Успехот во заштитата од болестите со превентивните фунгициди, првостепено зависи од времето на интервенцијата, употребената доза и количината на растворот по единица површина.

Костилкаво овошје
Првото прскање со ZIRAFIN 76 WG започнува со отварањето на папките, најчесто почеток на март, а во некои години и порано. Се користи 0.3% раствор (300гр/100л. вода) и 8000л/ха со пиштол или атомизери.
Второто прскање се извршува 7-10 дена покасно, во моментот кога сите цветни ливчиња ќе паднат, со 0.25% раствор и 1000 лит/ха во комбинација со MOVENTO, во доза од 1,5лит/ха простив инсектите и 2 лит/на, за фолијарна исхрана.
Третото фолијарно прскање се изведува после 10 до 12 дена во фаза на формирањето на плодовите, со 0,3% концентрација и 1200 лит/ха раствор, во комбинација со CONFIDOR 200 SL (0.05%), Ca BORON (2 лит./ха) и SPREADER(0.1%) за наквасување и прилепување.
Навремено спроведените превентивни третмани со ZARAFIN 76 WG обезбедуваат ефикасна заштита од економски вните, габни болести на праската, сливата, вишната, кајсијата и бадемот.

Јаболчесто овошје
Се користи за превентивна заштита од краставост и монолија на јаболката и крушата и лисната дамкавост на јагодата. Фолијарните прскања се изведуваат од почетокот на вегетацијата, во интервали од 7 до 10 дена, со доза од 3 кг/ха, најчесто во комбинација со PROTEUS 110 OD (1 лит/ха), Ca BORON (2 лит/ха) и SPREADER(0.1%) за наквасување и прилепување. Бројот на третирањата не е ограничен.

Зеленчукови култури
Ефикасен е против пламеницата и лисната дамкавост на пиперката, пламеницата на кромидот и салатата. Се користи фолијарно во доза од 2,5 до 3 кг/ха, со 800-1000 лит/ха раствор, најчесто во комбинација со ALGA 300 (2 лит/ха), CONFIDOR 200 SL (0,5лит/ха) и SPREADER (0,1%).

 

Критики

Нема критики сеуште.

Be the first to review “ZIRAFIN 76 WG”