ALISTER GRANDE

0 out of 5

Alister® grande e средство за заштита на растенијата – хербицид за сузбивање на плевели во озима пченица и озимо тритикале.

Содржи:

diflulenikan180 g/L

jodosulfuron-metil-natrium  4,5g/L

mezosulfuron-metil-natrium 6 g/L

Маслена дисперзија OD

ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРЕПАРАТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА.

Description

Начин на дејствување:

Diflufenikan навлегува во плевелот во најголем дел преку коренчињата и стебленцата на никулците на плевелот, како и преку листовите на веќе изниканиот млад плевел. Во плевелот предизвикува разградување на хлорофилот. Mezosulfuron и jodosulfuron во растението навлегуваат системично, преку целото растение и почвата, а пред се преку листовите.

 

Употреба:

Alister® grande е наменет за сузбивање на едногодишни теснолисни и широколисни плевели во озима пченица и во озимо тритикале во доза 1 L/ha за користење на есен односно во развојните стадиуми два до четири сосема развиени листови (12-14 според скалата BBCH) или 0,8 L/ha за користење на пролет односно во развоен стадиум до крајот на братењето (до 28 според скалата BBCH). Препорачаното количество вода изнесува 200 до 400 L/ha (2 до 4 L вода на 100 m2).

 

Alister® grande ефикасно ги сузбива едногодишните теснолисни и широколисни плевели, а пред се следните видови на плевели: Маслодајна дива репка (Brassica napus), Овчарска торбичка (Capsella bursa pastoris), Дива белa лобода (Chenopodium album), Лепавец (Galium aparine), Мртва коприва (Lamium sp.), Камилица (Matricaria sp.), Обична ѕвезденка (Stellaria media), Велигденче (Veronica sp.), Полска темјанушка (Viola arvensis), Ветрушка (Apera spica – venti).

 

Предупредувања:

На иста површина средството смее да се употреби најмногу еднаш во една сезона на растење. При третирањето мора да се спречи загадување на водотеците, езерата, бунарите и изворите. За заштита на водните организми треба да се почитува нетретиран безбедносен појас од 20 метри од брегот на водите од 1. и 2. катерогија. Се третира кога нема ветар. Треба да се спречи разнесување на препаратот на соседните посеви, а особено треба да се внимава на луцерка, грашок и маслодајна репка.

 

Фитотоксичност:

Доколку Alister® grande се користи согласно упатството за употреба, нема фитотоксични ефекти.

 

Мешање:

Не е потребно да се меша со други  препарати.

 

Каренца:

Обезбедена со времето на употреба.

 

Подготовка  за употреба:

Пред подготовка на препаратот, содржината во шишето добро протресете ја. Определеното количество на средството со постојано мешање истурете го во резервоарот на прскалката, кој до половина е наполнет со чиста вода. Празната амбалажа неколку пати измијте ја со вода и содржината истурете ја во резервоарот. Дополнете го резервоарот со потребното количество вода. Непрекинато мешајте се додека растворот не стане хомоген. Се продолжува со мешање се додека не се потроши растворот а прскање.

 

Услови за чување:

Препаратот да се чува во оригинална затворена амбалажа на темно, суво, проветрено и заклучено место, на температура меѓу 0-300 C. Да се чува одвоено од храна, пијалоци и сточна храна, како и надвор од дофат на деца и нестручни лица.

 

Заштита при работа:

При работа да се внимава препаратот да не дојде во допир со очите, кожата и облеката. Не се прска кога времето е ветровито или прежешко. Не смее да се вдишуваат распрскани честици од средството. Се употребува заштитна облека, гумени чизми, непропустливи ракавици и штитник за лице. За време на работа со средството не смее да се јаде, пие или пуши. Во случај на загадување (контаминација) и/или сомнеж за труење веднаш се прекинува со работа и се преземаат мерки според упатството за прва помош. По завршувањето со работа, треба темелно да се измиете (истуширате) и пресоблечете. Се мијат и чистат сите употребени заштитни средства.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “ALISTER GRANDE”