DECIS 2,5 EC

0 out of 5

Средство за сузбивање растителни штетници

Содржи:

Delthamethrin 25 g/L

Течен концентрат за емулзија EC

ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРЕПАРАТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО ЗА УПОТРТЕБА.

Опис

Употреба:

Decis 2,5 EC се употребува за сузбивање:

1) jaболко, круша: a) јаболкова зелена вошка (Aphis pomi) и јаболкова пепеласта вошка (Dysophis plantoginea) во концентрација 0,03% и 0,05% и тоа пред извиткувањето на листовите, минер на тркалезни мини (Cemiostoma scitella) во концентрација 0,03% и 0,05%, јаболкова оса пилатка (Hoplocampa testudinea) во концентрација 0,03% и 0,05%, јаболков свиткувач (Carpocapsa pomonella) во концентрација 0,02% и 0,03% б) свиткувач на кожичката на плодот (Capua reticulana), свиткувач кај праска (Pandemis cerasana),  ружин свиткувач (Archips rosana), јаболков цветојад (Anthonomus pomorum), јаболкова мува (Dasyneura mali), овошна мува (Ceratitis capitata) во количество 0,3-0,7 l/ha (30-50 ml/hl), обична крушкина болва (Psylla pyri) во количество од 0,3-0,7 l/ha (30-50 ml/hl). Средството да се примени при појавата на штетници. Може да се  примени најмногу 3 пати на растојанија од по 14 дена. При примената во фазата пред цветање, наредните третирања да се спроведат исклучително по завршувањето на цветањето;

2) лозарство: a) сив гроздов молец (Lobesia botrana) и жолт гроздов молец (Eupoecilia ambiguella) во концентрација 0,03% i 0,04%. б) винова лоза (вински сорти) и винова лоза (асталски сорти): американски штурец (Scaphoideus titanus) во количество 0,5 l/ha (5 ml на 100 m² ) при употреба на 1000 l вода по хектар. Се препорачува третирање по цветањето на виновата лоза до фенолошката фаза кога бобинките ќе ја достигнат големината на грашок (BBCH 71 до 75). Подоцнежната примена не е дозволена поради ризик за организмите за кои препаратот не е наменет. На истата површина е дозволено само едно третирање во сезоната. Во расадниците на винова лоза и матичните лозја дозволени се две апликации во една сезона на растот. Термините на третирање треба да се прилагодат кон технолошките упатства за сузбивање на американскиот штурец;

3) компир: a) компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) во доза од 0,3 l/ha само на површините во оние подрачја каде што се уште не е присутна отпорност на златицата на синтетички пиретроиди. b) праскина зелена вошка (Myzus persicae), млечкина лисна вошка (Macrosiphum euphorbiae), тутунов трипс (Thrips tabaci) и за намалување на заразата со компиров молец (Phthorimaea operculella) во количество од 0,3-0,5 l/ha (50 ml/hl). Да се третира при појава на штетници. Може да се примени најмногу 2 пати во растојанија од по 14 дена.

4) маслодајна репка: репкин сјајник (Meligethes aeneus), зелкина болва (Phyllotreta atra), репкина црвеноглава болва (Psylliodes chrysocephala), голем зелкар (Pieris brassicae), мал зелкар (Pieris rapae), голема репкина пипа (Ceutorhynchus napi) во количество од 0,3 l/ha при појавата на штетници во раната фаза на нападот. Може да се примени најмногу 4 пати во растојанија од по 14 дена;

5)житни култури: лисни вошки (Aphididae) и житна лисна буба (Oulema melanopus) во количество од 0,2-0,3 l/ha (2 do 3 ml на 10 l вода на 100 m2) со употреба на 300 – 400 l води на хектар. Смее да се примени само двапати годишно на иста површина или насад;

6) праска и кајсија: праскина зелена вошка (Myzus persicae), лисна вошка (Hyalopterus amygdali), праскин свиткувач (Cydia molesta), праскин молец (Anarsia lineatella), трипс (Thrips major), праскин трипс (Thrips meridionalis) и тутунов трипс (Thrips tabaci) во количество 0,3-0,7 l/ha (30-50 ml/hl). За сузбивање на лисните вошки и на трипсот средството да се примени при појавата на штетникот, во фазата пред цветањето (розе папки). Може да се примени најмногу 3 пати на растојанија од по 14 дена. При примена во фазата пред цветање, наредните третирања да се спроведат исклучиво по завршување на цветањето;

7) слива: праскина зелена вошка (Myzus persicae), лисна вошка (Hyalopterus amygdali), црна оса сливарка (Hoplocampa minuta), жолта оса сливарка (Hoplocampa flava), овошна мува (Ceratitis capitata) во количество 0,3-0,7 l/ha (30-50 ml/hl). Средството да се примени при појава на штетникот. Може да се примени најмногу 3 пати на растојанија од по 14 дена. При примена во фазата пред цветање, наредните третирања да се спроведат исклучиво по завршување на цветањето;

8) цреша: праскина зелена вошка (Myzus persicae), лисна вошка (Hyalopterus amygdali), црешина мува (Rhagoletis cerasi) во количество 0,3-0,7 l/ha (30-50 ml/hl). Средството да се примени при појава на штетникот. Може да се примени најмногу 3 пати на растојанија од по 14 дена. При примена во фазата пред цветање, наредните третирања да се спроведат исклучиво по завршување на цветањето;

9) агруми: црна цитрусова вошка (Toxoptera aurantii), памукова лисна вошка (Aphis gossypii), овошна мува (Ceratitis capitata) во количество 0,4-0,5 l/ha (35-40 ml/hl). Може да се третира најмногу еднаш при појава на штетник, во рана фаза на нападот;

10) киви: овошна мува (Ceratitis capitata), лисен скакулец (Metcalfa pruinosa), штитеста вошка кај дудинката (Diaspis pentagona), црн маслинов црв (Saissetia oleae) во количество 0,4-0,5 l/ha (50 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојание од по 14 дена;

11) маслинки:  маслинов молец (Prays oleae), маслинова мува (Bactrocera oleae) во количество 0,4-0,7 l/ha (40-50 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојание од по 14 дена;

12) јагоди (на отворен простор): лисна вошка (Sitobion fragariae), памукова лисна вошка (Aphis gossypii), лисна вошка кај јагодата (Chaetosiphon fragaefolii) во количество 0,3-0,5 l/ha (50 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојание од по 14 дена;

13) jaгоди (во заштитен простор): лисна вошка (Sitobion fragariae), памукова лисна вошка (Aphis gossypii), лисна вошка кај јагодата (Chaetosiphon fragaefolii), тутунов трипс (Thrips tabaci) во количество 0,3-0,5 l/ha (35-50 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојание од по 14 дена;

14) пченка, слатка пченка, сирак: зобена лисна вошка (Macrosiphum avenae), пченкина лисна вошка (Rhopalosiphum maidis), пченкин молец (Ostrinia nubilalis), совица (Agrotis segetum, Agrotis ipsilon), во количество 0,3-0,5 l/ha. Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојание од по 14 дена;

15) шеќерна репка и сточна репка: црна опашкарка (бобова) вошка, репкина болва (Chaetocnema tibialis), зелкова совица (Mamestra brassicae), совица (Agrotis segetum, Agrotis ipsilon), пипа (Conorrhynchus mendicus), блитвина пипа (Lixus junci), атомарија (Atomaria linearis), репкина мува (Pegomyia betae), штитест коренаш (Cassida vittata) во количество 0,3-0,5 l/ha. Може да се примени најмногу еднаш при појава на штетници, во раната фаза на нападот;

16) луцерка, детелина: црвена вошка легуминоза (Aphis craccivora), ровец (цветојад) (Apion pisi), луцеркина лисна пипа (Hypera variabilis), италијански скакулец (Calliptamus italicus), марокански скакулец (Dociostaurus maroccanus) во количество 0,25 l/ha при појава на штетници. До колку е потребно, третирањето треба да се повтори.

17) домат, пиперка, модар патлиџан (на отворено): зелена вошка (Myzus persicae), памукова лисна вошка (Aphis gossypii), пченков пламенец (Heliothis armigera), тутунов трипс (Thrips tabaci), пченкин молец (Ostrinia nubilalis), гама бувче (Plusia gamma), дрвеница (Nezara viridula) во количество 0,3-0,5 l/ha (50-60 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојание од по 14 дена;

18) домат, пиперка, модар патлиџан (во заштитен простор): праскина зелена вошка (Myzus persicae), памукова лисна вошка (Aphis gossypii), пченков пламенец (Heliothis armigera), белокрилка (Bemisia tabaci, Trialeurodes vaporariorum), тутунов трипс (Thrips tabaci), пченкин молец (Ostrinia nubilalis), гама бувчиња (Plusia gamma), зелена дрвеница (Nezara viridula) во количество 0,5-0,7 l/ha (45-50 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 4 пати на растојание од по 7 дена;

19) краставица, краставица за преработка (корнишон), тиквички, (на отворено): памукова лисна вошка (Aphis gossypii), праскина зелена вошка (Myzus persicae), тутунов трипс (Thrips tabaci) во количество 0,3-0,5 l/ha (50-60 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојание од по 14 дена;

20) краставица, краставица за преработка (корнишон), тиквички, (во заштитен простор): памукова лисна вошка (Aphis gossypii), белокрилка (Bemisia tabaciTrialeurodes vaporariorum), тутунов трипс (Thrips tabaci) во количество 0,5-0,7 l/ha (45-50 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојание од по 7 дена;

21) диња, лубеница, тиква (на отворено):  памукова лисна вошка (Aphis gossypii), праскина зелена вошка (Myzus persicae), тутунов трипс (Thrips tabaci) во количество 0,3-0,5 l/ha (50-60 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојание од по 14 дена

22) диња, лубеница, тиква (во заштитен простор): памукова лисна вошка (Aphis gossypii), праскина зелена вошка (Myzus persicae), тутунов трипс (Thrips tabaci) во количество 0,5-0,7 l/ha (60-70 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојание од по 7 дена;

23) грав, боранија, грашок: црна опашкарка (бобова) вошка (Aphis fabae), зелена вошка на грашокот (Acyrthosiphon pisum), пченкарен молец (Ostrinia nubilalis), пругеста пипа мешункарка (Sitona lineatus), тутунов трипс (Thrips tabaci) во количество 0,3-0,5 l/ha (50 ml/hl).  Да се примени при прва појава на штетници. Може да се примени најмногу 2 пати на растојание од по14 дена;

24) зелена салата: салатна лисна вошка (Nasonovia ribis-nigri), (Spodoptera littoralis), карадрина (Spodoptera exigua), зелкова совица (Mamestra brassicae), репкина оса листарка (Athalia rosae) во количество 0,3-0,5 l/ha (50-60 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојание од по 7 дена;

25) зелјести растенија (за цветање, главести и листести): зелкин штитест молец (Aleyrodes proletella), зелкина лисна вошка (Brevicoryne brassicae), зелкова совица (Mamestra brassicae), мал зелкар (Pieris rapae), голем зелкар (Pieris brassicae), зелкина болва (Phyllotreta atra), зелкин молец (Plutella xylostella), трипс (Thrips major), праскин трипс (Thrips meridionalis), тутунов трипс (Thrips tabaci) во количество 0,3-0,5 l/ha (50 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 2 пати на растојание од по 7 дена;

26) кромид, праз, лук, власец: тутунов трипс (Thrips tabaci), лукова златица (Lilioceris merdigera) во количество 0,3-0,5 l/ha (50 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојание од по 14 дена.

27) спанаќ: црна бобова вошка (Aphis fabae), штитест репкин коренаш (Cassida nobilis) во количество 0,35 l/ha (35-55 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 2 пати на растојание од по 14 дена.

28) морков, ротквица: моркова лисна вошка (Cavariella aegopodii), лисна вошка (Dysaphis foeniculus), мувест минер на листови (Phytomyza atricornis), минер на грашоков лист (Liriomyza huidobrensis), зелкина болва (Phyllotreta atra), во количество 0,3-0,5 l/ha (50 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати на растојанија од по 14 дена;

29) цвеќе: памукова лисна вошка (Aphis gossypii), розина лисна вошка (Macrosiphum rosae), ахатно бувче (Phlogophora meticulosa), зелкова совица (Mamestra brassicae),  лисен скакулец (Metcalfa pruinosa), розина осичка (Arge pagana), оса листарка (Ardis sulcata), трипс (Thrips major), праскин трипс (Thrips meridionalis), тутунов трипс (Thrips tabaci) во количество 0,3-0,5 l/ha (35-50 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати во растојание од по 7 дена;

30) во расадниците за украсни растенија и на украсните растенија:памукова лисна вошка (Aphis gossypii), розина лисна вошка (Macrosiphum rosae), ахатно бувче (Phlogophora meticulosa), зелкова совица (Mamestra brassicae), лисен скакулец (Metcalfa pruinosa), розина осичка (Arge pagana), оса листарка (Ardis sulcata), трипс (Thrips major), праскин трипс (Thrips meridionalis), тутунов трипс (Thrips tabaci) во количество 0,3-0,5 l/ha (35-50 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Може да се примени најмногу 3 пати во растојание од по 7 дена;

31) топола и шумски растенија во расадници (млади насади): мал тополски стаклокрилец (Paranthrene tabaniformis), стаклокрилец (Synanthedon vespiformis), голема тополска стрижибуба (Saperda carcharias), мала тополска стрижибуба (Saperda populnea), црвена тополска златица (Melasoma populi) во количество 0,3-0,5 l/ha (50-75 ml/hl). Може да се примени само еднаш при појава на штетници, во раната фаза на нападот. На стеблата се применува во количеството 0,4 l/ha (80 ml/hl);

32) на голф терените и на украсните тревници:  црна вошка легуминоза (Aphis craccivora), (Apion pisi) и луцеркина лисна пипа (Hypera variabilis) во количество 0,3-0,5 l/ha (75-80 ml/hl). Да се примени при појава на штетници. Да се повтори примената според потребата.;

33) тутун: праскина лисна вошка (Mysus persicae) и земјишни совици (Agrotis spp.) во количество 0,3 – 0,5 l/ha (3 – 5 ml нa 10 l вода на 100 m2) со употреба на 400 l вода по ha;

Предупредување:

Средството на иста површина се применува во зависност од културата. Не се препорачува да се меша со алкални формулации

Забелешки:

Не се дозволува берење на листови од винова лоза кои се прскани со препаратот Verita.

Превентивна примена кога условите се поволни за развој на болести.

Се употребува во области каде се даваат препораки од земјоделските експерти.

Фитотоксичност:

Aко средството се употребува во препорачаните концентрации и количества, на правилен начин и во оптимално време, не е фитотоксично на наведените култури. Тоа се однесува на познатите сорти на истите, а новите сорти и хибриди треба да се испитаат за фитотоксичност.

Мешање:

 Не смее да се меша со хербициди на база на метрибузин.

Каренца:

45 дена за маслодајната репка; 35 дена за житарките; 30 дена за агрумите, пченката, тутун, сиракот, шеќерната репка и сточната репка; 21 ден за виновата лоза; 14 дена за марула, киви, луцерка, детелина, сточни растенија; 7 дена за јаболко, круша, слива, цреша, маслинки, компир, грав, боранија, грашок, зелена салата во заштитен простор, зелјести растенија (за цутот, кај главестите и листестите), кромид, праз, власец, морков, ротквици; 3 дена за праска, кајсија, јагоди, слатка пченка, домат, пиперка, модар патлиџан, краставица, корнишон, тиквички, дињи, лубеници, тикви, аспарагуси, зелена салата на отворено, спанаќ. Осигурана со времето на примена кај аспарагусот. Не е применлива за цвеќе, за расадници со украсни растенија, за украсните растенија, топола, шумски растенија во расадници, за голф терени, за украсни тревници.

Подготовка на препаратот за употреба:

Наполнете го садот за прскање до половина со вода и додадете ја бараната доза од препаратот мешајќи во исто време  и наполнете го садот со постојано мешање. Дополнете ја преостанатата вода со постојано мешање.

Чување:

Препаратот да се складира во оригинално затвореното пакување во посебна просторија, на температура од 0°C дo 30°C, одделно од храната за луѓето и од добиточната храна, и од други производи, на свежо и суво место, под клуч, и надвор од дофат на деца.

Заштита при работа:

При работа да се внимава препаратот да не дојде во допир со очите, кожата и облеката. Не се прска кога времето е ветровито или прежешко. Не смее да се вдишуваат распрскани честици од средството. Се употребува заштитна облека, гумени чизми, непропустливи ракавици и штитник за лице. За време на работа со средството не смее да се јаде, пие или пуши. Во случај на загадување (контаминација) и/или сомнеж за труење веднаш се прекинува со работа и се преземаат мерки според упатството за прва помош. По завршувањето со работа, треба темелно да се измиете (истуширате) и пресоблечете. Се мијат и чистат сите употребени заштитни средства.

Критики

Нема критики сеуште.

Be the first to review “DECIS 2,5 EC”