Опис
Начин на дејствување:
Aliette flash е фитофармацевтско средство – системичен фунгицид, кој се употребува за сузбивање на пламеница кај винова лоза, краставици, дињи, лубеници и тикви, зелена салата и хмељ, како и за бактериска пламеница кај јаболки и круши.
Употреба:
Aliette®flash се употребува за сузбивање на:
- пламеница на винова лоза (Plasmopara viticola) во концентрација од 0,25-0,3% (25-37 g на 10L вода на 100m2);
- пламеница на краставица (Pseudoperonospora cubensis) кај краставици, дињи, лубеници и тикви во концентрација од 0,25-0,37 % (25-37 g на 10L вода на 100 m2); Краставиците во една сезона се третираат најмногу 4 пати, а дињите, лубениците и тиквите најмногу 3 пати.
- пламеница на салата (Bremia lactucae) нa зелена салата во концентрација од 0,25-0,37 % (25-37 g на 10L вода на 100 m2); Се третира најмногу 2 пати во една сезона.
- пламеница на хмељ (Pseudoperonospora humuli) на хмељ во сооднос од 0,7 до 1,5 g средство на едно растение за спречување на примарната зараза и во 0,25 % концентрација (25 g на 10L вода) за спречување на секундарни инфекции. Се третира најмногу 2 пати во една сезона.
- бактериска пламеница (Erwinia amylovora) кај јаболки и круши во сооднос 0.375 kg на 100L вода, односно од 4-5 kg/ha. Интервалот меѓу третирањата во време на цветање е 3-4 дена, доколку условите за зараза се поволни.
Првото третирање се изведува непосредно пред да се отворат цветовите. Средството смее да се употребува само на заразени и загрозени подрачја. Јаболките и крушите на исто земјиште може да се третираат најмногу 2 до 3 пати во текот на една сезона.
Предупредување:
При третирањето треба да се спречи загадување на водотеците, бунарите, езерата и изворите на вода, со почитување на прописите за заштита на водите. (Средството не смее да се употребува во подрачје од 15 метри од границата на брегот за вода од 1 ред, односно на 5 метри од границата на брегот на вода од 2 ред).
Фитотоксичност:
Ако средството се употребува на пропишан начин и во пропишана концентрација со ова упатство, не предизвикува оштетувања на растенијата.
Мешање:
Aliette® flash може да се меша со повеќето фитофармацевтски средства. Не смее да се меша со инсектициди, кои имаат кисела реакција (дихлорвос), со бородовска чорба, со некои фолијарни ѓубрива и растворен сулфур, доколку има додадено регулатор базиран на титан сулфат.
Каренца:
Краставици: 4 дена; хмељ и зелена салата: 14 дена; дињи, лубеници и тикви: 21 ден; винова лоза, јаболка и круши: 28 дена.
Подготовка за употреба:
Измерената количина на средството се истура во резервоарот на прскалката, кој е од половина до 2/3 наполнет со чиста вода. Со постојано мешање резервоарот се дополнува со вода до потребното количество. Со мешање се продолжува се до потрошувањето на растворот за прскање.
Чување:
Средството се чува во ориганалната затворена амбалажа, на суво и проветрено место, на температура од 0-300 С. Да се чува одвоено од храна, пијалаци и сточна храна, како и надвор од дофат на деца и на нестручни лица
Заштита при работа:
При работа да се внимава средството да не дојде во допир со очите, кожата и облеката. Не се прска кога времето е ветровито или жешко. Не смее да се вдишува распрсканото средство. Употребувајте заштитна облека, гумени чизми, непропустливи ракавици и штитник за лице. Задолжително користете заштитни очила! За време на работа со средството не смее да се јаде, пие или пуши. Во случај на загадување (контаминација) и/или сомнеж за труење веднаш се прекинува со работа и се преземаат мерки по упатството за прва помош.
По завршувањето треба темелно да се измиете (истуширате) и преоблечете. Се мијат и чистат сите употребени заштитни средства.
Критики
Нема критики сеуште.