BUTANIL 24 EC

0 out of 5

Системичен фунгицид со протективно и куративно дејство. Во растенијата се транслоцира вертикално во сите надземни делови. Дејствува преку оневозможување на биосинтезата на ергостеролот во мицелијата на габнита патогени.
Пакаување:
– 1л
– 100 мл
– 50 мл
– 10 мл

Состав:

myclobutanil 240g/L

Концентрат за емулзија EC

Категории Пестициди, Фунгициди Ознака:

Опис

 

Препорачани дози и време на употреба:

Јаболчесто овошје

  • За сузбивање на пепелница (Podosphaera leucotricha) и чадлива краставост (Venturia inaequalis), кај крушата во концентрација од 0.015-0.02% односно 15-20 ml на 100 литри течност за прскање. Се применува во фаза на зелена и розе пупка, во фаза на опаѓање на венечните ливчиња и 10-15 дена потоа.
  • За сузбивање на чадливата краставост  (Venturia pirina), кај крушата во концентрација од 0.015-0.02% односно 15-20 ml на 100 литри течност за прскање. Се применува во фаза на зелена и бела пупка, во фаза на опаѓање на венечните ливчиња и 10-15 дена потоа.

Коскесто овошје (кајсии, праски, нектарини, сливи)

  • За сузбивање на причинителите на пепелницата кај коскестите овошни видови (Podosphaera oxyacanthae, Sphaerotheca pannosa var. persicae, Podosphera tridactila) во концентрација од 0.015-0.02%, односно 15-20 ml на 100 литри течност за прскање. Се препорачува првото прскање да се изврши во фаза на опаѓање на венечните ливчиња, второто во фаза на опаѓање на цветната чашка (каликс) и третото за 20 дена.

Винова лоза

  • За сузбивање на причинителот на пепелницата кај лозата(Unicinula nector) во концентрација од 0.08-0.12%, односно 8-12 ml на 100 литри течност за прскање. Се препорачува третирањата да почнат на пролет, во фаза на отворени 2-3 листа, а во зависност од временските услови и интензитетот на инфекцијата се препорачуваат уште најмногу 2 третирање во текот на вегетацијата.

КУЛТУРИ ОД ФАМИЛИЈАТА ТИКВА (КРАСТАВИЦА, ТИКВА, ЛУБЕНИЦА, ДИЊА)

  • За сузбивање на причинителите на пепелница(Sphaerotheca fuliginea, Erysiphe cichoracearum) во концентрација од 0.02-0.025%, односно 20-25 ml на 100 литри течност за прскање. Се препорачува третирањата да почнат по појавата на првите симптоми на болеста, а по потреба да продолжат во интервали од 7-10 дена во зависност од временските услови и интензитетот на заразата.
Ружи 
  •  За сузбивање на причинителот на пепелница (Sphaerotheca pannosa var.persicae)  и црната дамкавост на ружата (Diplocarpon rosae), во концентрација од 0.02-0.025% дносно 20-25 ml на 100 литри течност за прскање. Се препорачува третирањата да почнат по појавата на првите симптоми на болеста, а по потреба да продолжат во интервали од 7-14 дена во зависност од временските услови и интензитетот на зараза.

Максимален број на третирања во една вегетација:

  • 4 третирања кај јаболчесто овошје
  • 3 третирања кај коскесто овошје и винова лоза
  • 5 третирања кај тиквени култури, ружа и каранфил
  • помала доза се препорачува за превентивни третмани, додека повисоката доза се користи за куритивни третмани.

Препаратот не е фитотоксичен во препорачаните дози и начин на примена.

Компатабиност:
Не смее дас е меша со средствата за заштита кои имаат алкална реакција (Бордовска чорба). Може да се употребува заедно со ALGREEN при сите овошни култури, ALGA 600 на винова лоза, SEAMINO во стрните жита, ALGA 300 и MICRORICH во градинарските и украсните култури. Кон растворот се додава и SPREADER за наквасување и прилепување.

Препорачана количина на вода за прскање (L/ha):

  • За јаболчесто овошје 1000/2000 L/ha
  • За коскесто овошје 1500/2500 L/ha
  • За винова лоза 500/1500 L/ha
  • За тиквени култури 500/1000 L/ha

Каренца:

  • 21 ден за јаболчесто овошје
  • 21 ден за коскесто овошје (праска, нектарија, кајсија, слива)
  • 21 ден за винова лоза
  • 7 дена за тиквени култури (краставица, тиква, лубеница, диња)

Стабилност на препаратот:

Препаратот да се чува затворен во оригинално пакување, на суво и добро проветрено место, заштитено од несаканите влијанија (сонце, високи температури, запаливи извори). При соодветни услови на чување (складирање) ја задржува стабилноста во период од 3 години.

Критики

Нема критики сеуште.

Be the first to review “BUTANIL 24 EC”