CAPRENO

0 out of 5

Capreno е фолијарен хербицид за сузбивање на широколисни и теснолисни плевели во посеви со пченка.

Содржи:

Tembotrion 345g/L

Tienkarbazon-metil 68g/L

Концентрирана суспензија SC

ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРЕПАРАТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА.

Description

Начин на делување:

Tembotrion како претставник од групата н атрикетони, делува како инхибитор и доведува до пореметување на синтезата на каротеноидите што повлекува до пропаѓање на хлорофилот во клетките на плевелните растенија. Видливи знаци на дејство се избелените третирани плевели кои се пропратени со некроза и венење. Tienkarbazon-metil спречува создавање на специфичен ензим (ALS инхибитор) и на тој начин доведува до престанок на растот на плевелите, промена на боја, сушење и конечно пропаѓање. Протектантот кој го содржи делува на убрзување на разградувањето на активната материја во одгледуваната култура а во плевелната не се разградува, туку напротив помага да делуваат останатите активни материи на уништување на плевелните растенија.

 

ПРИМЕНА:

Се користи во насади со пченка во период после никнење кога посевот е во фаза 3-6 листа (BBCH 13-16) во количина од 0,25-0,3 L/ha кога теснолисните плевели се во фаза на 1-3 листа а широколисните плевели во фаза на 2-4 листа. Со цел за постигнување полна ефикасност се препорачува примена и на навлажнувачот MERO во доза од 2 L/ha. Потрошувачката на вода е 200-300L/ha.

 

ПРИПРЕМА НА РАСТВОР ЗА ТРЕТИРАЊЕ:

Потребната количина од препаратот да се измеша со вода во одвоен сад. Растворот да се додаде во резервоарот на прскалаката во до пола наполнет со вода. Со непрекидно мешање да се дополни остатокот од водата.

 

МЕШАЊЕ СО ДРУГИ ПЕСТИЦИДИ:

Може да се комбинира со препарати на база на флуроксипир, клопиралид, дикамба со цел за поефикасно делување на специфични плевели. Пред комбинирање со други препарати да се направи проба за компатибилност.

 

КАРЕНЦА:

80 дена за пченка.

 

СПЕКТАР НА ДЕЛУВАЊЕ:

Широколисни плевели: пелинолисна амброзија – Ambrosia artemisifolia, полски синап – Sinapis arvensis, повивка – Polygonum lapatifolium, птичја подворка – P.aviculare, разгранета лобода – Atriplex patula, камилица – Matricaria chamomilla, теофрастов слез – Abutilon theophrasti, ѕвезденка – Stellaria media, мртва коприва – Lamium purpureum, повивка – Polygonum persicaria, паламида – Cirsium arvense, дива бела лобода – Chenopodium album, лобода – C.hybridum, црн зрнец – Solanum nigrum, лепавец – Galium aparine, овчарска торбичка – Capsella bursa-pastoris, датула  – Datura stramonium, чичка – Xanthium strumarium, штир – Amaranthus spp.

Теснолисни плевели: влакнесто просо – Echinochloa crus-galli, муар – Setaria glauca, просо – Panicum spp., коштан – Sorghum halepense

 

НАПОМЕНА:

Мешање со друг наквасувач не се препорачува бидејќи може да дојде до фитотоксичност. Доколку дојде до пропаѓање на насадот да се преора почвата на длабочина од 20cm и повторно може да се сее пченка. Во нормални услови после 5 месеци може да се сее маслодајна репа и озима пченица, после 10 месеци шеќерна репа, соја, грав, грашок, а после 11 месеци сончоглед и јачмен. Поради можност од фитотоксичност не се препорачува да се примени во комбинација со органофосфорни инсектициди. Ако посевот е изложен на стрес поради мраз, топлина, суша или преголема влажност се препорачува примената на хербицидот да се одложи по престанок на неповолните услови.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “CAPRENO”