Опис
Начин на дејствување:
Активната материја делува на сосема нов начин со инхибиција на синтеза на липидите. Припаѓа на групата тетранични киселини. Механизмот на делување дава ефикасна заштита без појава на вкрстена резистентност со посотоечките акарициди. Препаратот цврсто се врзува за површината на листот и на тој начин оневозможува испирање и осигурува долготрајно дејство. Се одликува со споро иницијално дејство, така што првите резултати се очекуваат после 8-10 дена а потполна ефикасност после 14-16 дена од апликацијата. Резултатите се манифестираат во вид на смалена популација, бидејќи делува на сите стадиуми кај пајаците.
Употреба:
Envidor® 240 SC е контактен акарицид за сузбивање на подвижни развојни форми на штетни пајачиња, со придружно овицидно дејство, на:
– виновата лоза: на црвениот овошен пајак (Panonychus ulmi) во концентрација 0,04%. Може да се примени еднаш годишно.
– јаболчести овошја: на црвениот овошен пајак (Panonychus ulmi) и копривини пајачиња (Tetranychus urticae) во најголемата дозволена доза од 0,6 l/ha. Може да се примени еднаш годишно.
– агруми (јужно овошје): на црвениот пајак кај јужните овошја (Panonychus citri) и обичниот црвен пајак (Tetranychus urticae), во концентрација од 0,02% во периодот од опаѓање на цветните ливчиња до созревање на плодот. Може да се примени само еднаш годишно.
– кајсија: за сузбивање на црвениот овошен пајак (Panonychus ulmi) и копривните пајачиња (Tetranychus urticae) во количина од 0,6 l/ha. Може да се примени само еднаш годишно.
– праска: за сузбивање на црвениот овошен пајак (Panonychus ulmi) и копривните пајачиња (Tetranychus urticae) во количина од 0,6 l/ha. Може да се примени само еднаш годишно.
– нектарини: за сузбивање на црвениот овошен пајак (Panonychus ulmi) и копривини пајачиња (Tetranychus urticae) во количина од 0,6 l/ha. Може да се примени само еднаш годишно.
Се применува во пролет во време на масовното излегување на ларвите од јајцата и нивното населување по листовите.
Предупредувања:
Да не се прска при високи дневни температури, ако е листот влажен ниту ако се очекува дожд. Да се избегнува примена во периодот на цветањето. Се применува еднаш годишно.
Фитотоксичност:
Не се воочени знаци на фитотоксичност.
Мешање:
Пред мешање со било кој препарат, да се направи тест за фитотоксичност на мала експериментална површина.
Каренца:
14 денови за виновата лоза, јаткастите овошја, агрумите, кајсиите, праските и нектарините.
Подготовка на средствата за употреба:
Пред употреба треба да бидеме сигурни дека прскалката којашто ќе ја употребиме за оваа намена е чиста.
Внимателно да се пресмета потребната количина на средство за прскање што ќе се потроши за да се избегне непотребното заостанување на истото во резервоарот на прскалката по примената. Потоа, резервоарот на прскалката треба да се наполни со чиста вода до една четвртина од планираната количина на средство за прскање и да почне да се меша. Пред употреба на средството треба добро да се протрсе и после тоа да се додаде во резервоарот во саканата количина, постојано мешајќи. Потоа резервоарот треба да се дополни со останатото количество на чиста вода. Мешањето, сега веќе на средството за прскање, треба да продолжи понатаму, цело време до примената, а исто така и во текот на истата. Подготвеното средство за прскање треба да се потроши истиот ден.
Бидејќи производот поседува липоидни карактеристики и не е потребно да се додава масло, дури со додавањето на масло одредена количина на активните супстанции ќе се впие во листот со што се губи примарното контактно дејство, а освен тоа со додавањето на масло се намалува отпорноста на миење со дожд со што се намалува и изразеното долготрајно дејство.
Услови за чување:
Препаратот да се складира во оригиналното затворено пакување во посебна просторија, на температура од 0-30оC, одвоено од човечка и добиточна храна и други производи, на ладно и суво место, заклучено и надвор од дофат на деца.
Заштита при работа:
При работа да се внимава препаратот да не дојде во допир со очите, кожата и облеката. Не се прска кога времето е ветровито или прежешко. Не смее да се вдишуваат распрскани честици од средството. Се употребува заштитна облека, гумени чизми, непропустливи ракавици и штитник за лице. За време на работа со средството не смее да се јаде, пие или пуши. Во случај на загадување (контаминација) и/или сомнеж за труење веднаш се прекинува со работа и се преземаат мерки според упатството за прва помош. По завршувањето со работа, треба темелно да се измиете (истуширате) и пресоблечете. Се мијат и чистат сите употребени заштитни средства.
Критики
Нема критики сеуште.