EQUIP

0 out of 5

Equip ® е фитофармацевтско сретство – хербицид за уништување на теснолисни и некои широколисни плевели во пченка.

Содржи:

foramsulfuron 22,5 g/l

Маслена дисперзија OD

ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРЕПАРАТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА.

Description

Начин на дејствување:

Equip ® е системичен хербицид кој ја уништува синтезата на аминокиселините во растенијата и на тој начин го спречува делењето на клетките. Заради тоа плевелот престанува да расте и умира.

 

Употреба:

Equip ® го употребуваме за уништување на теснолистни и некои широколистни плевели по изникнувањето на пченката (2 до 6 листови) и плевелот, во количина од 2 до 2,5 l/ha со користење на вода 200 до 300 l/ha. Теснолисните плевели да се во фаза 1-5 листа, а широколисните 2-4 листа.

 

Equip ® ефикасно ги уништува:

  • Теснолисни плевели: влакнесто обично просо (Echinocloa crus-gali), влакнесто просо (Panicum capilare), лисичја опашка полска (Alopecurus myosuroides), прстесто крваво просо  (Digitaria sanguinalis), пиреј обичен (Agropyrum repens), рајграси  (Lolium spp),  ветрушка обична (Apera sica-venti), едногодишна ливадарка (Poa annua),  мухар (Setaria spp)  и друго.
  • Широколисни плевели: голем слез (Abutilon theophrasti), штирови (Amaranthus spp), амброзија пелинолисна  (Ambrosia artemisifolia), датура (Datura stramonium), лобода (Chenopodium spp), бутрак (Xantium stramonium), галинсога (Galinsoga parviflora), коприва (Lamium spp), млечка (Marcurialis annua), зрнец црн (Sоlanum nigrum), звезденка обична (Stellaria media)  и некои други.
  • Повеќегодишни плевели: коштан од семе и ризоми (Sorghum halepense), паламида (Cirsium arvense), слачец полски (Convolvulus arvensis), пиреј (Elymus (Agropyrum) repens).

Equip® смее да се употребува само за уништување на плевели во пченка.

 

Предупредување:

Смееме да прскаме еднаш годишно. Поради добриот ефект најмалку два часа после прскањето не смее да врне. При третирањето мора да го спречиме загадувањето на водотоците, бунарите, езерата и водените извори на тој начин што ќе ги почитуваме прописите од подрачјето на заштита на водите, со средството не смееме да третираме во обем од 15 м од корисна ширина од границата на брегот на водата 1 класа и 10 м од тлорисна ширина од границата од брегот на водата 2 класа.

Шишето пред употреба добро да се претресе!

 

Фитотоксичност:

Ако го користиме Equip® на начин и во доза како што е пропишано не предизвикува оштетување.  При мешањето на Equip ® со производи кои се базират на активна материја 2,4 Д може да дојде до свиткување на листовите на пченката во случаите кога пченката има повеќе од  четири листа.

 

Мешање:

Од аспект на оценката за заплевеност Equip ® може да го мешаме со средства кои се на база на активни материи дикамба или бентазон, за да го прошириме спектарот на делување врз широколисниот плевел.

                 

Подготовка на препаратот за употреба:

Средството пред употреба добро да го промешаме во затворената амбалажа така да добиеме хомогена течност. Определената количина од средството ја истураме во резервоарот на прскалката, која до половината од потребната количина е наполнета со вода. Со постојано мешање го дополнуваме резервоарот на прскалката со вода до потребната количина. Со мешањето продолжуваме до потрошувањето на смесата на прскање.

 

Каренца:

Каренцата е обезбедена со времето на употребата.

 

Подготовка на препаратот за употреба:

Средството пред употреба добро го промешаме во затворената амбалажа така да добиеме хомогена течност. Определената количина од средството ја истураме во резервоарот на прскалката, која до половината од потребната количина е наполнета со вода. Со постојано мешање го дополнуваме резервоарот на прскалката со вода до потребната количина. Со мешањето продолжуваме до потрошувањето на смесата на прскање.

 

Чување:

Средството го чуваме во оригиналната затворена амбалажа во темница на суво, проветрен и заклучен простор, при температура помеѓу 0-30° C. Го чуваме оддвоено од храната, пјалоците и сточната храна и да биде недостапно за деца и нестручни лица.

 

Заштита при работа:

При работа да се внимава препаратот да не дојде во допир со очите, кожата и облеката. Не се прска кога времето е ветровито или прежешко. Не смее да се вдишуваат распрскани честици од средството. Се употребува заштитна облека, гумени чизми, непропустливи ракавици и штитник за лице. За време на работа со средството не смее да се јаде, пие или пуши. Во случај на загадување (контаминација) и/или сомнеж за труење веднаш се прекинува со работа и се преземаат мерки според упатството за прва помош. По завршувањето со работа, треба темелно да се измиете (истуширате) и пресоблечете. Се мијат и чистат сите употребени заштитни средства.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “EQUIP”