HUSSAR OD

0 out of 5

Средство за сузбивање на плевели кај житарици

Содржи:

Iodosulfuron metil – natrium 100 g/l

Маслена дисперзија OD                                                    

ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРЕПАРАТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА.

Description

Начин на дејствување:

Iodosulfuron  е системичен хербицид од групата метил естров бензоева киселина и го попречува делувањето на ензимот синтетаза ацетохидрокси киселина.

 

Употреба:

Hussar® OD е хербицид за сузбивање на едногодишни широколисни и тесно лисни плевели и некои видови на повеќегодишни широколисни плевели во озимата и летната пченица, во озимиот и летниот јачмен, ‘ржот и тритикалето во доза од 0,1 l/ha (10 г/1000 м2). Препорачана количина на вода е од 200 до 300 литри вода ha (20 -30 литри  вода / 1000 м2). Кај озима пченица и јачмен се прска од почеток на братење до појава на заставичар (BBCH 13-37), и од третиот лист до крајот на братење (BBCH 13-29) кај пролетната пченица и пролетниот јачмен. Најдобри резултати постигнуваме во времето кога теснолисните плевели се во фаза на два листа и до крајот на братење и кога широколисните плевели се во фаза од два до шест листови.

 

Предупредување:

При третманот мораме да го спречиме загадувањето на водотоците, бунарите, езерата и изворите на вода на тој начин што ќе ги почитуваме прописите од подрачјето на заштитата на водите. Со средството не смееме да третираме во обем од 15 м од корисната ширина од границата на брегот на водата 1 класа, односно 5 м од границата на брегот на водата 2 класа.

Hussar® OD може на иста површина да се употреби еднаш во периодот на растење. Ограничување во нормалната ротација на посевите нема. Во случај на предвремено уништување на посевот може 15 дена по прскањето да посееме пролетна пченица или пролетен јачмен. Пченка може да засадиме 30 дена после прскањето.

Упатство за перење на прскалката после употребата на смесата Hussar® OD: Mали количини останати во прскалката ги разредуваме во размер 1:10 и ја нанесуваме на веќе попрсканото земјиште.

 

Фитотоксичност:

Ако сретството го употребуваме кај оштетени посеви и кај посеви што се ослабени од растителни болести, штетници, мраз или стоена вода, може да се предизвика фитотоксичност.

При употребата на сретството за сортата јачмен Тоскана може да дојде до фитотоксичност.

 

Мешање:

Препорачливо е да се додава од смесата од почетната развојна фаза на житата па натаму. Производителот гарантира дека наведеното мешање нема никакви негативни влијанија на делувањето на смесата.

 

Каренца:

Каренцата е обезбедена со времето на употребата.

 

Подготовка на препаратот за употреба:

Сретството пред употребата добро го промешаме во затворената амбалажа така да добиеме хомогена течност. Одмерена количина од сретството ставаме во резервоарот на прскалката ,која до половина од потребната количина е наполнета со вода. Со постојано мешање резервоарот на прскалката го дополниме со вода до потребната количина. Со мешањето продолжуваме до искористувањето на мешавината за прскање.

 

Чување:

Средството го чуваме во оригинална затворена амбалажа, во ладен, сув, заклучен простор при температура помеѓу 0-30 °C. Надвор од дофатот на децата и оддвоено од храна, пијалоци и сточната храна.

 

Заштита при работа:

При работа да се внимава препаратот да не дојде во допир со очите, кожата и облеката. Не се прска кога времето е ветровито или прежешко. Не смее да се вдишуваат распрскани честици од средството. Се употребува заштитна облека, гумени чизми, непропустливи ракавици и штитник за лице. За време на работа со средството не смее да се јаде, пие или пуши. Во случај на загадување (контаминација) и/или сомнеж за труење веднаш се прекинува со работа и се преземаат мерки според упатството за прва помош. По завршувањето со работа, треба темелно да се измиете (истуширате) и пресоблечете. Се мијат и чистат сите употребени заштитни средства.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “HUSSAR OD”