LAUDIS

0 out of 5

Средство – хербицид за сузбивање на плевели кај пченка.

Содржи:

Tembotrion 44 g/L

Маслена дисперзија OD                                                    

ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРЕПАРАТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА.

Description

Начин на дејствување:

Laudis® e хербицид за сузбивање на широколисни и теснолисни плевели во пченка, по никнење на пченката и плевелите. Laudis® е хербицид кој кај плевелите за кои е наменет предизвикува bleaching ефект (обелување) и одумирање на ткивата изложени на сончева светлина поради светлосно разградување на хлорофилот.

 

Употреба:

Laudis® се употребува за сузбивање на широколисни и теснолисни плевели по никнење и на пченката и на плевелите во дози од 1,15 до 2,25 L/ha со употреба на 200 до 300  литри вода на хектар.

 

Време на употреба: никнење и на пченката и на плевелите, односно кога пченката има развиено 2-8 вистински листа (12-18 по ВВСН скалата). Оптимално време на употреба е кога пченката има развиено 4-6 вистински листа. Теснолистните плевели се најчувствителни во фаза два листа до почетокот на братење (12-21 по ВВСН скалата), а широколисните плевели во фаза 2-8 листа (12-18 по ВВСН скала).

Средството може да се употреби и во поделени дози (сплит апликација), кои се изведуваат во период од 7-14 дена. Со двете третирања вкупната доза не смее да надмине 2,25 L/ha, а поединечната доза не смее да биде поголема од 1,5 L/ha. Се препорачува кај првото третирање да се употреби 1 L/ha, а кај второто 1,25 L/ha

 

Предупредување:

Средството може да се употреби на иста површина најмногу еднаш во една сезона или два пати, ако се користи во поделени дози.

При третирањето мора да се спречи загадување на водотеците, бунарите, езерата и изворите со почитување на прописите за заштита на водите. Средството не смее да се употребува во појас од 15 метри од брегот на води од 1 категорија и 10 метри од брегот на води од 2 категорија.

Средството не делува на плевелите кои ќе изртат по третирањето. Пред употреба добро протресете ја амбалажата!

 

Фитотоксичност:

Да се внимава при занесување кај соседните широколисни култури (грашок, сончоглед, шеќерна репка, соја, компир, репка). За да се намали ризикот од појава на фитотоксичност, растојанието меѓу чувствителните култури и површината третирана со Laudis® треба да изнесува најмалку 1 метар.

На површините третирани со Laudis® во случај на предвремено преорување на пченката смее да се сее:

  • 4 месеци по третирањето: маслена репка, салата, моркови, јачмен
  • 5 месеци по третирањето: пченица, кромид, цикорија, луцерка
  • 6 месеци по третирањето: сончоглед, домати
  • 9 месеци по третирањето: шеќерна репка, грашок.

Во спротивно, кај овие растенија може да се појават знаци на фитотоксичност.

 

Мешање:

За сузбивање на  Calystegia sepium (голем слачец) и Convolvulus arvensis (полски слачец) се препорачува мешање со средство на база на dicamba.

 

Каренца:

Каренцата е обезбедена со времето на употреба.

 

Подготовка на препаратот за употреба:

Средството пред употреба добро се протресе во затворена амбалажа се додека не се добие хомогена течност. Измерената доза од средството се става во резервоарот на прскалката, кој до половина е наполнет со вода. Со постојано мешање, резервоарот на прскалката се дополнува со вода до потребното количество. Со мешање се продолжува се додека не се потроши растворот за прскање.

 

Чување:

Средството се чува во оригиналната затворена амбалажа на темно и суво, проветрено и заклучено место, на температура меѓу 5-30 оС.

Да се чува одвоено од храна, пијалаци и сточна храна, како и на места недостапни за деца и нестручни лица.

 

Заштита при работа:

При работа да се внимава препаратот да не дојде во допир со очите, кожата и облеката. Не се прска кога времето е ветровито или прежешко. Не смее да се вдишуваат распрскани честици од средството. Се употребува заштитна облека, гумени чизми, непропустливи ракавици и штитник за лице. За време на работа со средството не смее да се јаде, пие или пуши. Во случај на загадување (контаминација) и/или сомнеж за труење веднаш се прекинува со работа и се преземаат мерки според упатството за прва помош. По завршувањето со работа, треба темелно да се измиете (истуширате) и пресоблечете. Се мијат и чистат сите употребени заштитни средства.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “LAUDIS”