METEOR 330 EC

0 out of 5

Селективен хербицид кој се абсорбира од кореновата система и вегетативна маса. Засегнатите растенија брзо одумираат после ‘ртењето или после поникнувањето од почвата.
Пакување:
– 1л
– 205 мл

Содржи:

pendimetalin 330g/L

Концентрирана емулзија EC

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА!

Description

НАЧИН НА ДЕЛУВАЊЕ:

Многу стабилен хербицид за време на складирање. Деградацијата после примената настанува под влијание на сонцето и микро-организмите. Долго се задржува во почвата, особено ако се инкорпорира, ако има врнежи или поливање после површинската апликација. Цврсто се врзува на 2-3 см за површинскиот почвен слој. Се употребува пред расадување со инкорпорација, пред расадување без инкорпорација, после сеидба пред никнување и после сеидба после поникнување.

ПРИМЕНА:

Пред расадување со инкорпорација. Се извршува 2-4 дена пред расадување на добро припремена почва, без остатоци од предходната култура, на длабочина од 5-7 cm со 350 до 400 лит./ха раствор. Се применува кај сите култури со расадување од расади садници.

Пред расадување без инкорпорација. Површинска апликација, со 350 до 400 лир./ха раствор, на добро припремена почва, 2-3 дена пред расадувањето на културата. Се применува кај сите култури со расадување од садници и расад.

После сеидба пред поникнување. Се извршува преку третирање на посеаната површина со 350 до 400 лит./ха раствор, веднаш после сеидбата пред поникнување на културата. Толерантни култури се: пченка, грав, житарици, морков, машински посеан ориз.

После поникнување на културата. Се извршува после никнење на културата кога класестите и широколисните плевели не ја поминале фазата од 1 до 2 оформени листови. Во таа фаза можат да се третираат следните култури: стрни жита, пченка, кромид, леќа и карфиол.

 

ДОЗА НА ПРИМЕНА:

Дозата се одредува во зависност од составот на почвата и тоа:

– 4 лит./ха на изразито сиромашни и песокливи почви.

– 5 лит./ха на средно – тешки почви со ниска содржина на хумус

– 6 лит./ха на тешки почви богати со хумус.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “METEOR 330 EC”