Опис
Бакарниот јон го прифаќаат спорите на патогените причинители за време на нивното клиење и акомулираат се додека на третираната површина има доволно висока концентрација за да го убие ткивото на спорите. Активноста е ограниена само за време на клиењето на спорите, затоа трибазичниот бакарен сулфат е фунгицид, бактерицид и алгицид со превентивно дејство. Депозитот од фунгицидот мора да биде нанесен на културата пред да започне клуењето на спорите, односно пред да биде остварена инфекцијата.
Масовно се користи во овоштарниците за сузбивање на габни и бактериски патогени, во доза од 1.0кг. на 100 лит. вода, после опаѓањето на лисната маса (од Ноември до Март), во текот на мирувањето на вегетацијата, односно бубрењето на папките кај костилкавото овошје, се до фазата мишји уши, кај јаболчестото овошје. Против екскориозата и други болести на лозата, почетното прскање се изведува со 0.3% раствор во почетната развојна фаза на ластарите.
Во ратарските, градинарските култури и украсните растенија, се користи во доза од 3.0 до 4.0 кг./ха (0.3-0.4%), преку фолијарни прскања во интервали од 7-10 дена, во комбинација со други пестициди и фолијарни ѓубрива. Против инфекциите на кореновиот систем, најчесто кај градинарските култури и тутунот, може а се користи и преку системите за наводнување, во доза од 10-15 кг./ха, во комбинација со ROOTMOST (10 лит./ха) и SOFTGUARD (10 лит./ха), или HUMIC TOTAL (10-12 лит./ха).
Зеленчукови култури
Поради ниската отровност и ефикасното дејство и против бактериските заболувања, против кои другите фунгициди се недоволно ефикасни, наоѓа широка примена за превентивна заштита од многу економски важни болести на сите градинарски култури. Може да се користи преку фолијарни прскања, во концентрација од 0.35% или преку системите за новоднување, во доза од 10 до 15 кг./ха. Бидејќи на патогените причинители дејствува пред да се изврши инфекцијата, неопходно е, прскањата да се повторуваат во интервали од 7-10 дена, како и после секој обилен дожд. Може да се меша со фолијарни ѓубрива, препарати на база на сумпор и инсектициди.
Винова лоза
Култура која поднесува бакарни фунгициди за заштита од екскориоза, пламеница и многу други слаби патогени, кои паратизираат на кората на лозата. Насочени третирања во главата на чокотите, се изведуваат пред почетокот на вегетацијата, со 1.0кг. на 100лит. вода. Со самото формирање на ластарите (3 до 8 см), се третира со 0.35% растор за заштита од екскориоза, заедно со COSAVET DF (0.4%) и ALGA 600 (1.0кг./ха). Во текот на вегетацијата, фолијарните прскања се повторуваат во интервали од 7 до 10 дена, во зависност од условите за остварување на зараза од пламеница, во комбинација со инсектициди, фолијарни ѓубрива и SPREADER(0.1%) за прилепување.
Костилкаво овошје
Во заштита на коскестото овошје од патогени причинители, пресуден момент е времето на интервенцијата. Што порано, толку поуспешно. Борбата започнува уште со опаѓањето на листовите – крај Ноември почеток на Декември со 0.8кг. на 100лит. бода. Подобри резултати се постигнуваат ако се третира со пиштоли и најмалку 1000 лит.ха раствор. прскањето се повторува во времето на бубрењето на папките, во комбинација со MOVENTO (2.0 лит./ха), против крвавата вошка и другите штетници.
Јаболчесто овошје
Се препорачува за зимско прскање од опаѓањето на листовите до бубрењето на папките со доза од 1.0кг./100лит. вода. Фолијарната апликација се повторува со почетокот на вегетацијата се до фазата “мишји уши”, со концентрација од 0.35%, во комбинација со CaBORON (2.0 лит./ха) и SPREADER (0.1%) за наквасување и прилепување.
Критики
Нема критики сеуште.