OBERON 240 SC

0 out of 5

OBERON 240 SC е средство за контрола на копривино пајаче и белокрилка во градинарски култури во стакленици

Содржи:

Spiromesifen  240 g/l

Концентрирана суспензија ЅС

ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРЕПАРАТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА.

Опис

Начин на дејствување:

OBERON 240 SC ® е средство за контрола на копривино пајаче и белокрилка на следните градинарски култури во стакленици: домат, пиперка, модар домат, краставица, тиквичка, боранија, јагода.

 

Употреба:

OBERON 240 SC ® се употребува:

Исклучиво за употреба во стакленици.

Домат, пиперка, модар домат, краставица, тиквичка: против копривино пајаче (Tetranychus urticae) да се употребат 45-60 ml/100 l вода од производот (0,45-0,9 l/ha од производот во 1000-1500 l/ha вода во однос на вегетативниот развој на културата); против белокрилки  (Trialeurodes vaporariorum, Bemisia tabaci) да се употребат 60 ml/100 l вода од производот (0,6-0,9 l/ha од производот во 1000 l/ha вода во однос на вегетативниот развој на културата);

Јагода, боранија: против копривино пајаче (Tetranychus urticae) да се употребат 45-60 ml/100 l вода од производот (0,45-0,6 l/ha од производот во 1000 l/ha вода) против белокрилки (Trialeurodes vaporariorum, Bemisia tabaci) да се употребат 60 ml/100 l вода од производот (0,6 l/ha од производот во 1000 l/ha вода).

Да се третира при појава на раните фази на штетниците, повторувајќи го прскањето после најмалку 10 дена, доколку е потребно. Да се извршат максимум 4 третирања годишно.

 

Предупредувања:

Поради широкиот број и постојаното воведување на нови сорти на градинарски култури, се препорачува да се направат прелиминарни испитувања за селективност на неколку растенија, пред да се третира целата култура.

 

Фитотоксичност:

Доколку се употребува според пропишаните упатства не покажува никаква фитотоксичност за културите каде е одобрена примената.

 

Каренца:

3 дена за сите култури.

 

Услови за чување:

Средството да се чува во оригиналната затворена амбалажа, на темно, ладно, суво, вентилирано и заклучено место, на температура од 10-40°C. Да се чува одвоено од храна, пијалаци и сточна храна, на место недостапно за деца и нестручни лица.

 

 Заштита при работа:

При работа да се внимава препаратот да не дојде во допир со очите, кожата и облеката. Не се прска кога времето е ветровито или прежешко. Не смее да се вдишуваат распрскани честици од средството. Се употребува заштитна облека, гумени чизми, непропустливи ракавици и штитник за лице. За време на работа со средството не смее да се јаде, пие или пуши. Во случај на загадување (контаминација) и/или сомнеж за труење веднаш се прекинува со работа и се преземаат мерки според упатството за прва помош. По завршувањето со работа, треба темелно да се измиете (истуширате) и пресоблечете. Се мијат и чистат сите употребени заштитни средства.

Критики

Нема критики сеуште.

Be the first to review “OBERON 240 SC”