PREVICUR ENERGY

0 out of 5

Cистемичен фунгицид со превентивно дејство.

Содржи:

propamokarb  530 g/L

fosetil 310 g/L

Концентриран раствор SL

ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРЕПАРАТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА.

Опис

Начин на дејствување:

Previcur Energy® e средство за заштита на растенија – фунгицид за сузбивање на предизвикувачи на габни заболувања кај зелена салата, ротквици, домати, краставици, дињи, пиперки, прокељ, зелка, карфиол, кинеска зелка и брокули.

Употреба:

Previcur Energy® се употребува кај  зелена салата за сузбивање на пламеница на салата (Bremia lactucae), кај зелкови растенија за пламеница (Peronospora brassicae), како и кај зелена салата, домати, пиперки, дињи, краставици, прокељ, зелка, карфиол, кинеска зелка и брокули за намалување на заразата од полегнување на расад (Pythium spp.)

зелена салата одгледувана во заштитени простори во органски субстрат се полева со доза од 3 ml/m2. Се користи 2 до 4 литри раствор на m2 (20.000-40.000 l/ha). Смее да се третира најмногу два пати во интервал од 10-14 дена. Првпат по сеењето, пред никнувањето, а втор пат по никнувањето посевот, но најдоцна пред пресадувањето.

по пресадувањето салатата одгледувана во заштитен простор во органски субстрат се третира фолијарно со доза од 2,5 l/ha, со препорачана употреба на вода од 200-600 l/ha. Смее да се третира најмногу два пати во една сезона и тоа интервал од 14 дена. Првото третирање се врши веднаш по пресадувањето.

ротквиците одлгедувани во заштитени простори во органски субстрат се третираат фолијарно во доза од 2,5 l/ha, со препорачан употреба на 200-600 литри вода на хектар. Смее да се третира најмногу 2 пати во интервал од 14 дена. Првото третирање се врши веднаш по појавата на првите листови

прокељ, зелка, карфиол, кинеска зелка и брокули одгледувани во заштитени простори се полеваат со доза од 3 ml/m2. Се користи 2 до 4 литри раствор на m2 (20.000-40.000 l/ha). Смее да се третира најмногу два пати со размак од 10-14 дена. Прв пат по сеидбата, пред никнувањето и втор пат по никнувањето на посевот, но најдоцна пред пресадувањето. Растенијата потоа можат да се пресадат на отворено.

домати, пиперки, дињи и краставици одлгедувани во заштитени простори во органски субстрат се полеваат со доза од 3 ml/m2. Се користи 2 до 4 литри раствор на m2 (20.000-40.000 l/ha). Смее да се третира најмногу два пати со размак од 10-14 дена. Прв пат веднаш по сеидбата, пред никнувањето и втор пат по никнувањето на посевот, но најдоцна пред пресадувањето. При првото третирање кај пиперките и дињите се употребува доза од 6 ml/m2, а кај второто доза од 3 ml/m2.

По пресадувањето овие растенија може да се третираат преку системот капка по капка со доза од 3L/ha, со препорачана употреба на вода од 300-1500 L/hа. Смее да се третира најмногу 2 пати во интервал од 10-14 дена, од кои првиот пат веднаш по пресадувањето.

домати, пиперки, дињи и краставици одгледувани во заштитени простори во вештачки субстрат се полеваат со доза од 3 ml/m2. Се користи 2 до 4 литри раствор на m2 (20.000-40.000 l/ha). Смее да се третира најмногу два пати со размак од 10-14 дена. Прв пат веднаш по сеидбата, пред никнувањето и втор пат по никнувањето на посевот, но најдоцна пред пресадувањето.

По пресадувањето овие растенија може да се третираат преку системот капка по капка со доза од 3L/ha, со препорачана употреба на вода од 300-1500 L/hа. Смее да се третира најмногу 4 пати во интервали од 7-10 дена.Прв пат веднаш по пресадувањето, а последен пат најдоцна 3 дена пред собирање на плодовите.

 

Растение Болест/стапка на сузбивање Време на третирање Најголем дозволен број третирања Интервали меѓу третирања (денови) Доза на ha, односно m2 Количество вода
Полевање на посевите за одгледување во заштитен простор
Зелена салата (органски субстрат) Pythium spp./ намалување на зараза Прв пат: по сеидба, пред никнување

Втор пат: по никнување на посевот, најдоцна пред пресадување

2 10-14 3ml/m2 2-4l/m2 (20.000-40.000 l/ha)
Прокељ, зелка, карфиол, кинеска зелка, брокули (органски субстрат) Pythium spp./ намалување на зараза Прв пат: по сеидба, пред никнување

Втор пат: по никнување на посевот, најдоцна пред пресадување

2 10-14 3ml/m2 2-4l/m2 (20.000-40.000 l/ha)
Домати и краставици (органски субстрат) Pythium spp./ намалување на зараза Прв пат: по сеидба, пред никнување

Втор пат: по никнување на посевот, најдоцна пред пресадување

2 10-14 3ml/m2 2-4l/m2 (20.000-40.000 l/ha)
Пиперки и дињи (органски субстрат) Pythium spp./ намалување на зараза Прв пат: по сеидба, пред никнување

Втор пат: по никнување на посевот, најдоцна пред пресадување

2 10-14 6ml/m2 за прво третирање на пиперки и дињи,

3ml/m2 за второ третирање

2-4l/m2 (20.000-40.000 l/ha)
Домати, пиперки, дињи и краставици

(вештачки субстрат)

Pythium spp./ намалување на зараза Прв пат: по сеидба, пред никнување

Втор пат: по никнување на посевот, најдоцна пред пресадување

2 10-14 3 ml/m2 2-4l/m2 (20.000-40.000 l/ha)
Фолијарно третирање  во заштитен простор
Зелена салата (органски субстрат) Bremia lactucae/ сузбивање Прв пат: веднаш по пресадување

Втор пат: по 14 дена,  најдоцна 21 пред бербата

2 14 2,5 L/ha 200-600 L/ha
Ротквици (органски субстрат) Peronospora brassicae / намалување на зараза Прв пат: ВСН11

Втор пат: по 14 дена, најдоцна 14 дена пред бербата

2 14 2,5L/ha 200-600L/ha
Со систем капка по капка во заштитен простор
Домати, пиперки, дињи и краставици

(органски субстрат)

Pythium spp./ намалување на зараза Прв пат: веднаш по пресадување

Втор пат: 10-14 дена, најдоцна 3 дена пред берење

2 10-14 3 L/ha 300-1500 L/ha
Домати, пиперки, дињи и краставици

(вештачки субстрат)

Pythium spp./ намалување на зараза Прв пат: веднаш по пресадување

 

Следни третирања: во интервали од 7-10 дена

 

Последен пат: најдоцна 3 дена пред берба

4 7-10 3 L/ha 300-1500 L/ha

Предупредување:  При полевањето на никулците и расадот се препорачува целосно да се натопи субстратот, кој на почеток треба да биде навлажнет. Кај полевањето со системот капка по капка средството прво треба да се раствори во кофа.

Поради остатоци од активната материја propamokarb во почвата, на истиот субстрат смее да се сеат или садат коренести растенија и луковици наменети за исхрана луѓе и животни по 120 дена од последното третирање. Лиснат и стеблест зеленчук, плодест зеленчук и зелкови растенија 60 дена по последното третирање со средството Previcur Energy®.

 

Фитотоксичност:

Previcur Energy® не е фитотоксичен ако се употребува согласно упатството за употреба.

Мешање:

Не е предвидено мешање на средството Previcur Energy® со други фитофармацевтски средства.

Каренца:

зелена салата 21 ден, ротквици 14 дена, домати, пиперки, дињи и краставици 3 дена, кај никулци и расад на прокељ, зелка, карфиол, кинеска зелка и брокули третирани по никнувањето или пред пресадувањето каренцата је обезбедена со времето на употреба

Подготовка на средството за употреба:

Пред мерење на дозата на препаратот содржината добро се протресува. Измерената количина на средството со постојано мешање се истура во резервоарот на прскалката, кој до половина е наполнет со чиста вода. Празната амбалажа се плакне со вода, додека не се исчисти. Водата од плакнењето се истура во резервоарот. Резервоарот на прскалката се полни со вода до потребната количина. Непрекинато се меша се додека растворот не стане хомоген. Со мешање се продолжува се додека растврот за прскање не се потроши.

Услови за чување:

Средството се чува во оригиналната затворена амбалажа на студено, суво и заклучено место на температура меѓу  0-28 С надвор од дофат на деца и одвоено од храна, пијалоги и сточна храна.

Заштита при работа:

При работа да се внимава препаратот да не дојде во допир со очите, кожата и облеката. Не се прска кога времето е ветровито или прежешко. Не смее да се вдишуваат распрскани честици од средството. Се употребува заштитна облека, гумени чизми, непропустливи ракавици и штитник за лице. За време на работа со средството не смее да се јаде, пие или пуши. Во случај на загадување (контаминација) и/или сомнеж за труење веднаш се прекинува со работа и се преземаат мерки според упатството за прва помош. По завршувањето со работа, треба темелно да се измиете (истуширате) и пресоблечете. Се мијат и чистат сите употребени заштитни средства.

Критики

Нема критики сеуште.

Be the first to review “PREVICUR ENERGY”