PRIMAT 80 WP

0 out of 5

Содржи 800 g/kg mancozeb, на база на манган и цинк, во форма на прашок за растварање WP за фолијарно прскање и запрашување на семе

Пакување:
– 1кг
– 200 гр
– 25 гр

Опис

НАЧИН НА ДЕЛУВАЊЕ:

Дејствува преку инхибрирање на сулфидрилната група на амино – киселините и ензимите во ткивото на габите, предизвикувајќи сериозен прекин во метаболизмот и дишењето на мицелијата и растителните органи на патогените причинители.

ПРИМЕНА:

Се користи за превентивна заштита од голем број економски важни габни болести во овошните насади, виновата лоза, поледелските и градинарските култури и украсните растенија. Се употребува во дози од 2 кг/ха со фолијарно прскање, 20-30 кг/ха преку системите за наводнување и 200гр/100 кг семе за запрашување.

Наоѓа широка примена за економична и успешна заштита на земјоделските култури од особено агресивни габни патогени кои предизвикуваат екскориоза, пламеница, краставост, лисна дамкавост и гниење на плодовите.

Винова лоза
Се користи во сите развојни фази на лозата во концентрација од 0.2% (200 гр/100 лит. вода) во комбинација со инсектициди, фунгициди против пепелница, фолијарни ѓубриња (ALGA 600 1 кг/ха) и SPREADER (0.1%) за наквасување и прилепување. Првите прскања започнуваат веднаш со почетокот на вегетацијата за заштита од екскориоза, а се повторуваат во интервали од 7-10 дена за превентивно сузбивање на пламеницата.

Јаболчесто овошје
Обезбедува економски оправдана заштита од краставоста на јаболката и ‘рѓата и краставоста на крушата, ако се спроведуваат редовни превентивни третмани со 2-2,5 кг/ха во интервали од 8-12 дена. Може да се комбинира со ALGREEN (2 лит/ха), за фолијарна исхрана, инсектициди, акарициди и средство за наквасување и прилепување SPREADER (0.1%). Првото прскање против краставоста започнува после цветањето, а против ‘рѓата на крушата при крај на Април и почеток на Мај.

Градинарски култури
Наоѓа широка примена за заштита од економски важни болести, како што се пламеница, лисна дамкавост, ‘рѓа и антракноза кај сите градинарски култури во доза од 2 кг/ха фолијарно а се повторуваат во интервали од 7-10 дена, во комбинација со инсектициди, акарициди, фолијарни ѓубриња ALGA 300 (2 лит/ха) и SPREADER (0.1%) за наквасување и прилепување. Не е фитотоксичен, а при почестите прскања со PRIMAT 80 WP, веднаш се забележува буен пораст на вегетативната маса и поинтензивна зелена боја на листовите и плодовите.

Последен рок за прскање пред берба на плодовите се: кај домати 3 дена, компир 7 дена, лоза и јаболка 28 дена.

Компитабилен е, не е фитотоксичен и може да се употребува во комбинација со други системични фунгициди, регулатори за растење, фолијарни ѓубриња, кристални ѓубриња и SPREADER за наквасување и прилепување.

 

Критики

Нема критики сеуште.

Be the first to review “PRIMAT 80 WP”