ROUNDUP ULTRA PLUS

0 out of 5

Хербицид за уништување на несаканите плевли со употреба кај цитруси, винова лоза, јаболка, крушa, лешник, маслинка, на меѓи и канали за наводнување, површини за засејување, обновување на пасиштата, во  паркови и градини.

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА ПРЕД ДА ГО ПРИМЕНИТЕ ПРЕПАРАТОТ

Состав

glyphosate 360 g/L

ТЕЧЕН КОНЦЕНТРИРАН РАСТВОР SL

Description

НАЧИН НА ДЕЛУВАЊЕ:

ROUNDUP Ultra Plus е фолијарен, систематичен и неселективен (тотален) хербицид за post-em (после поникнување) сузбивање на тревни (теснолисни) и широколисни едногодишни и повеќегодишни плевели, дури и за уништување на подземните делови од плевелите, кај овошните насади (јаболчесто, коскесто и јаткасто овошје), винова лоза, на земјоделските и неземјоделските површини.

Фолијарна апликација на плевелите со вода 200-400 L/ha (20-40 L/ha 1000m²).

При апликацијата, растворот да не дојде во контакт со листовите, ластарите или плодовите на културните растенија, за да  се избегне појава на фитотоксичност и акумулирање на резидуи во плодовите. Да се  аплицира хомогено врз зелените делови на плевелите.

 

СПЕКТАР НА ПЛЕВЕЛИ:

Повеќегодишни плевели како: Cyperys esculentus (острица), Cynodon dactilon (троскот), Polygonum spp. (подворки), Sorghum halepense (коштан), Cirsium arvense (паламида), Phragmatis australis, Filicopsida (папрати), Rubus fruticosus (капини) и други.

Едногодишни широколисни плевели како: Amaranthus spp. (штирови), Sonchus arvensis (млечен полски осот), Sinapis arvensis (синап) и други.

Едногодишни теснолисни плевели како: Lolium spp. (рајграси), Echinochloa spp. (диво просо), Poa spp. (ливадарки), Setaria (муари) и други.

 

НАЧИН НА ПРИМЕНА:

Прскалки УБВ со контролиран систем на капка.

Концентрација/доза

(6 L/ha)                                    (2-4 L/ha)                                (1,5 L/ha)

 

Прскалки со мал притрисок управувани од  трактор и со млазници со мал волумен, со потрошувачка на вода од 100 L/ha.

Концентрација/доза

(6-10 L/ha)                              (3-6 L/ha)                                (1,5 L/ha)

 

Грбни прскалки или мотор со низок притисок со 2,5 kg/cm² со потрошувачка на вода од  400 L/ha

Концентрација / доза

(6-10 L/ha)                              (3-6 L/ha)                                (2 L/ha)

 

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ ПРИМЕНА:

Да  се третира со свежа вода, во денови без ветер и управувајќи го прскањето на начин да не дојде до листовите и на недрвенестите делови (стебла помали од 4 години).

Дождот или наводнувањето за време на 4 часа после апликцијата можат да ја намалат ефикасноста на хербицидот. Кај маслинките, заради олеснување на собирањето може да се изврши еден единствен третман во прстенот на дрвото во доза од 3 L/ha третирано во вистинско време и каренца од 7 дена.

Само на брегови или канали со вода на премини, да се остави рок од најмалку 7 дена пред да се направи водата да тече повторно. Може да се извршуваат работи, или да се пушти добитокот да влезе во третираните места после една седмица. Кај шумски површини да не се аплицира доза поголема од 5 L/ha ако има диви печурки во третираната зона.

Да не се меша, складира или аплицира ROUNDUP Ultra Plus во поцинкувани садови или од необложен челик.

Идентификувани се некои биотипови на  Conyza и  Lolium, отпорни на препорачаната доза на глифосат. Овие  области со  вакви биотипови мора да се третираат правилно – пред овие плевели да произведат семиња – да се употребат други видови на одобрени хербициди.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Препораките и информациите кои ви ги овозможивме се плод на опширни и строги студии и испитувања. Сепак, при употребата може да влијаат бројни фактори кои се вон наша контрола (подготовка на растворот, апликација, климатски услови итн.).

Компанијата гарантира за составот, формулацијата и содржината. Корисникот ќе биде одговорен за предизвиканите штети (недостаток на ефикасност, општа тосичност, отпад итн.) заради целосна или делумна занемарливост на инструкциите од етикетата.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “ROUNDUP ULTRA PLUS”