SEKATOR OD

0 out of 5

Средство за уништување на плевели кај житарици.

Содржи:

amidosulfuron 100 g/L

iodosulfuron 25 g/L

Маслена дисперзија OD

Description

ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРЕПАРАТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА

 Начин на дејствување:

Амидосулфурон е селективен системичен хербицид кој ја оневозможува ацеталоцетната синтеза и на тој начин го оневозможува растењето на плевелот. Јодосулфурон метил натриум е системичен хербицид од групата на метил естробензоева киселина.

Употреба:

Sekator® OD е фитофармацевтско средство – системичен хербицид за  уништување на едногодишни широколисни и некои теснолисни плевели и некои повекегодишни широколисни плевели кај озима и пролетна пченица, озим и пролетен јачмен, ‘рж  и тритикале.

Sekator® OD го употребуваме како хербицид за сузбивање на:

Едногодишни широколисни, некои видови теснолисни плевели и некои видови повеќегодишни широколисни плевели во озимата и пролетната пченица и кај озимиот и пролетниот јачмен, ‘рж и тритикалe во доза 0,1-0,15 l/ha (10-15 ml/1000 m2).

Го третираме од третиот лист и до почетокот на појавата на заставичарот кај озимата пченица и кај озимиот јачмен (BBCH 13 до 37). Кај пролетната пченица и кај пролетниот јачмен третманот го започнуваме од третиот лист до крајот на братењето (BBCH 13-29).

Препорачана количина на вода е 200 до 300 l/ha (20 – 30 l/1000 m2). Подобар ефект постигнуваме ако широколисниот плевел го прскаме во раниот развоен стадиум.

 

Предупредување:

Sekator® OD на иста површина може да се употреби еднаш во времето на растење. Озимите жита и маслодајната репа може да ги сееме во годината на жетвата на озимите и пролетните жита третирани со средството Sekator® OD. Озимата пченица, пролетниот јачмен, шеќерната репка или сончогледот може да ги сееме во пролет на површината посеана со пченица и третирана со Sekator® OD. Оштетениот посев не го прскаме ( на пр. мраз, болести и други оштетувања). Во случај да наредниот посев во полето кое што било третирано со Sekator® OD не се сеат жита и треба земјата да се изора длабоко.

При третирањето треба да го спречиме загадувањето на водотоците, бунарите, езерата и водените извори, така што ќе ги почитуваме прописите од подрачјето за заштита на водите. Со средството не смееме да третираме во обем од 15 м од корисната ширина од границата од брегот на водата 1 класа односно 5 м од границата на брегот од водата 2 класа.

 

Фитотоксичност:

Кај зелковите растенијата, што би дошле во контакт со мали количини од средството, може да се појави обезбојување на листовите што ‘ртат, меѓутоа растението брзо се опоравува и понатамошното растење не е загрозено. Sekator® OD не го употребуваме кај оштетените посеви и кај посевите што се ослабени од растителни болести, штетници, мраз и застојана вода.

 

Мешање:

Sekator® OD можеме да го мешаме со хербициди врз основа на MCPP-P, MCPA, амидосулфуронот, бромоксинилот, локсинилот, феноксапроп-етилот и дифлуениканот. Можеме да го мешаме со фунгициди врз основа на фенпропиморфат и инсектициди врз основа на делтаметрин. Може да го мешаме со течни азотни ѓубрива, минерални масла и регулатори за растење. Произведувачот гарантира дека наведеното мешање не влијае на делувањето на растворот.

 

Каренца:

Каренцата е обезбедена со времето на употреба.

 

Подготовка на препаратот за употреба:

Средството пред употреба добро го промешаме во затворената амбалажа така да добиеме хомогена течност. Определената количина од средството ја истураме во резервоарот на прскалката, која до половината од потребната количина е наполнета со вода. Со постојано мешање го дополнуваме резервоарот на прскалката со вода до потребната количина. Со мешањето продолжуваме до потрошувањето на смесата на прскање.

 

Чување:

Средството го чуваме во оригинална затворена амбалажа, во ладен, сув , заклучен простор, при температура помеѓу 2-30°C, надвор од дофат на деца и оддвоено од храна, пијалоци и сточна храна.

 

Заштита при работа:

При работа да се внимава препаратот да не дојде во допир со очите, кожата и облеката. Не се прска кога времето е ветровито или прежешко. Не смее да се вдишуваат распрскани честици од средството. Се употребува заштитна облека, гумени чизми, непропустливи ракавици и штитник за лице. За време на работа со средството не смее да се јаде, пие или пуши. Во случај на загадување (контаминација) и/или сомнеж за труење веднаш се прекинува со работа и се преземаат мерки според упатството за прва помош. По завршувањето со работа, треба темелно да се измиете (истуширате) и пресоблечете. Се мијат и чистат сите употребени заштитни средства.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “SEKATOR OD”