SENCOR SC 600

0 out of 5

Средство – хербицид за уништување на плевели.

 Содржи:

 metribuzin 600g/L

Концентрирана суспензија ЅС

 

Description

 

ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРЕПАРАТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИОТА УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА

Начин на дејствување:

Sencor® SC 600 e селективен хербицид, кој делува преку корењата и листовите, каде што продира до хлоропластите и ја спречува фотосинтезата, што кај плевелите доведува до целосна блокада на фотосинтезата.

 

Употреба:

1) по садењето, пред никнувањето на компирот во доза од 0,75L/ha на лесни почви (7,5 ml на 100 m2) или

2) по никнувањето на компирот во период кога плевелот е во фаза на никнување на листовите до 3 развиени прави листа во доза од 0,15L/ha (1,5 mL на 100 m2). Во случај на повторно никнување на плевелот, третирањето се повторува со иста доза. Интервалот меѓутретирањата изнесува од 10 до 14 дена, при што второто третирање се врши најдоцна до стадиумот, кога растението на главното стебло има развиено листови (19 по скалата ВВСН)

3) стара луцерка во периодот на мирување на вегетацијата (ноември – февруари) во доза од 0,8 L/ha (8 ml/100 m²) со потрошувачка на вода 200 – 400 L/ha.

4) домат после расадување, после добро вкоренување (10 – 15дена после садењето) во доза од 0,6 L/ha

 

Особено ефикасно ги сузбива следните видови плевели: дива лобода (Chenopodium sp.), полски слачец (повитка) (Convolvulvus arvensis), обична коника (Galinsoga sp.), подворка (Polygonum sp.), обичен крстенец (костреж) (Senecio vulgaris), бршленесто велигденче (Veronica hederifolia), овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris), обична калепина (Calepina irregularis), синап полски (Sinapis arvensis), ѕвеѕденка обична (Stellaria media), коприва (Lamium amplexicaule), млечен полски осот (Sonchus arvensis) и други.

 

Време на употреба: никнење и на пченката и на плевелите, односно кога пченката има развиено 2-8 вистински листа (12-18по ВВСН скалата). Оптимално време на употреба е кога пченката има развиено 4-6 вистински листа. Теснолисните плевели се најчувствителни во фаза два листа до почетокот на братење (12-21 по ВВСН скалата), а широколисните плевели во фаза 2-8 листа (12-18 по ВВСН скала).

Средството може да се употреби и во поделени дози (сплит апликација), кои се изведуваат во период од 7-14 дена. Со две тетретирања вкупната доза не смее да надмине 2,25 L/ha, а поединечната доза не смее да биде поголема од 1,5 L/ha. Се препорачува кај првото третирање да се употреби 1 L/ha, а кај второто 1,25 L/ha.

 

Предупредување:

Во случај на пропаѓање на посевот на компир, на истата површина, по претходно преорување може да се сее пченка. На иста површинаможе да се сее морков три месеци по третирањето, по претходно преорување. На земјишта третирани со средството Sencor® SC 600, четири месеци не смеат да се одгледуваат зелјести растенија, цвекло, марула, краставици, лубеници и други растенија. Средството на исто земјиште да се употреби само еднаш во една сезона итоа по садењето, а пред никнувањето на компирот. Ако средството не е употребено пред никнувањето, по никнувањето со него може да се третира најмногу во една сезона.

 

Фитотоксичност:

Средството не е фитотоксично ако се употребува во пропишаните дози и на соодветен начин, за наброените растенија. Не смее да се користи кај сортите Jaerla, SV 77/40 и 76/48, Dobrin, Eva,Jetta, Voran и Wineta. При употреба на средството на поновите сорти компир, во врска со евентуална фитотоксичност, консултирајте се со застапникот или производителот.

 

Мешање:

Може да се меша со некои хербициди за проширување на спектарот на делување. За мешање со други препарати, побарајте совет од нашите консултанти. Производителот гарантира дека наведеното мешање не влијае врз ефикасноста на препаратите.

 

Каренца:

42 дена за компир.

 

Подготовка на препаратот за употреба:

Измерената количина на средството потполно се раствара во кофа со чиста вода и преку сито се претура во резервоарот на прскалката, во кој е ставена половина од потребната количина на чиста вода. Испразнетата амбалажа се мие со вода, се додека небиде сосема чиста и содржината се претура во резервоарот. Со постојано мешање се дополнува резервоарот со потребното количество вода. Со мешање се продолжува се додека не се потроши смесата за прскање.

 

Чување:

Средството се чува во оригиналмата затворена амбалажа, на студено, суво и заклучено место, на температура меѓу 0 – 40 степени целзиусови, надвор од дофат на деца и одвоено од храна пијалоци и сточна храна.

 

Заштита при работа:

При работа да се внимава препаратот да не дојде во допир со очите, кожата и облеката. Не се прска кога времето е ветровито или прежешко. Не смее да се вдишуваат распрскани честици од средството. Се употребува заштитна облека, гумени чизми, непропустливи ракавици и штитник за лице. За време на работа со средството не смее да се јаде, пие или пуши. Во случај на загадување (контаминација) и/или сомнеж за труење веднаш се прекинува со работа и се преземаат мерки според упатството за прва помош. По завршувањето со работа, треба темелно да се измиете (истуширате) и пресоблечете. Се мијат и чистат сите употребени заштитни средства.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “SENCOR SC 600”